Дома Настани Оштетени спомен-бисти на народни херои во Штип
Оштетени спомен-бисти на народни херои во Штип
Вторник, 28 Март 2017 12:32

bisti1Нов случај на вандализам во Штип. Осквернавени се неколку спомен-бисти на народни херои од втората светска војна. Изминатите денови непознати лица обезглавиле спомен бисти а исшарани се и дел од спомениците на Исарот:

- Обезглавени се споменbisti2 бистите на Ѓошо Сламков во населба Три Чешми и на Васил Доганџиски која е до училиштето „Ванчо Прке“, додека бистата на народниот херој Митко Цецов во Стар Конак е оштетена со црна боја. За жал, ова не е прв пат вака да бидат уништени бистите на народните херои. Овој чин е за секаква осуда. Нема иднина без почитување на минатото, посебно на оние кои го дале својот живот за слободата на оваа земја. Се надеваме дека сторителите ќе бидат откриени и можеме само да се надеваме дека во иднина ова нема да се случи - изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност во Општина Штип.

Инаку пред извесно време во вандалски чин беше оштетен и споменикот на паднатите херои од конфликтот во 2001 година а општината експресно ги санираше штетите. Освен спомениците, вандали во континуитет прават штети на пешачката патека, кршејќи канделабри, клупи и друг инвентар.

bisti3

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize