Дома Настани Оддржана 52.ра седница на Совет на Општина Штип
Оддржана 52.ра седница на Совет на Општина Штип
Четврток, 16 Март 2017 14:32

opstina-stip-zgrada-4Вчера се оддржа 52.та седница на Советот на Општина Штип.

Усвоена е Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на спортски клубови и за одобрување на финансиски средства.

Усвоена е Предлог-Одлука за определување на временската важност на универзалната (годишна) картичка за паркирање, Предлог-Одлука за формирање на Локално координативно тело во Општина Штип и именување на локален координатор, членови и заменици, Предлог-Решение за именување членови на Координативно тело за дискриминација, потоа Предлог-Решение за разрешување и именување членови на Управен одбор на ЈП „Стипион 2011“-Штип и Предлог-Решение за разрешување и именување членови на Надзорен одбор на ЈП „Стипион 2011“-Штип.

Усвоен е извештајот за реализирање на Програма за одбележување на Новогодишните и Божиќните празници 2016/2017 година, извештајот за реализирани активности на Општина Штип од областа на спортот за 2016 година по што беа разгледани полугодишен извештај за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип со финансиски показатели по Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Штип за 2016 година, Полугодишен извештај за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип со финансиски показатели по Програмата за одржување на локалните патишта и улици за 2016 година, Полугодишен извештај за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип со финансиски показатели по Програмата за одржување на локалните патишта и улици во зимски услови за 2016 година и Полугодишен извештај за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип со финансиски показатели по Програмата за користење на јавниот простор за паркирање за 2016 година.

Советниците го усвоија и Извештајот за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип по Програмата за уредување на градежно земјиште со финансиски показатели за 2016 година,Извештај за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип по Програмата за одржување на локалните патишта и улици со финансиски показатели за 2016 година, потоа Извештај за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип по Програмата за користење на јавниот простор за паркирање со финансиски показатели за 2016 година, Годишна сметка на ЈП „Стипион 2011”-Штип за 2016 година и Полугодишен извештај на ЈП „Исар”-Штип со финансиски показатели од 01.07.2016 до 31.12.2016 година.

Исто така усоен е и полугодишниот извештај на ЈП „Исар”-Штип по Програма за одржување на јавната чистота за период од 01.07.2016 до 31.12.2016 година, Годишен извештај на ЈП „Исар”-Штип од 01.01.2016 до 31.12.2016 година, Годишен извештај на ЈП „Исар”-Штип по Програма за одржување на јавната чистота за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година, Годишен извештај за работењето на комуналната инспекција за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година, Извештај за работењето на инспекцијата за животна средина за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година и Извештај за работењето на овластениот инспектор за патен сообраќај за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година.

Кога се во прашање извештаите, усвоени се и годишниот оперативен план на локален економско социјален совет на Општина Штип, и годишниот извештај на Општина Штип за 2016 година.

Усвоени се годишните сметки на Буџетот на Општина Штип за 2016 година, на ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена”-Штип за 2016 година, на ООУ „Славејко Арсов”,на ООУ „Тошо Арсов”,на ООУ „Гоце Делчев”,на СОУ „Коле Нехтенин” и на СОУ „Јане Сандански”.

Беа поставени и советнички прашања а во информативниот дел беше разгледана и усвоена информацијата за невработеноста во Општина Штип со состојба на 31.12.2016 година.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize