Дома Настани Соработка со ОО Црвен крст Штип
Соработка со ОО Црвен крст Штип
Петок, 26 Јануари 2018 15:19

Crven krst-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, беше во посета на ОО Црвен крст Штип, при што имаше можност да поразговара со претставниците на оваа организација за нивната работа, но и за продлабочување на соработката. Со таа цел, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Локалната самоуправа на Општина Штип и ОО Црвен крст Штип.

Со овој Меморандум се воспоставува формална соработка помеѓу двете страни, а со цел покренување заеднички иницијативи и нивна реализација. Од денеска започнува тесна соработка со општинската организација на Црвен крст, со цел имплементација на заеднички програмски и проектни активности, координација на институциите на локалната самоуправа и поттикнување реализација на активности, но и координирање во имплементацијата на активностите, како и пристап до фондови за поддршка и развој.

Освен потпишувањето на Crven krst-2Меморандум за соработка, градоначалникот имаше можност да се запознае со волонтерите на Црвен крст, при што ги поздрави нивните напори и несебичната посветеност да пружат помош на нивните сограѓани и локалната заедница.

Овде сме во ОО Црвен крст Штип, кадешто потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Штип и ОО Црвен крст Штип, со којшто се заложуваме во иднина да работиме поактивно на помаѓање на нашите сограѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик, на коишто им е многу потребна помош од Црвен крст, од нас и од сите наши сограѓани.

Crven krst-3Воедно заедно со Црвен крст обезбедивме 25 пакети коишто беа поделени на дваесет и пет социјално загрозени семејства. Сакам да ги повикам сите наши сограѓани да се вклучат во вакви активности со коишто можеме да помогнеме многу на наши сограѓани на коишто им е многу потребна ваква помош.

Јас како градоначалник и ние како институција Општина Штип продолжуваме во соработка со Црвен крст и со сите оние граѓани коишто сакаат да дадат свој придонес да ги помагаме нашите сограѓани и со тоа да придонесеме да живееме сите заедно во едно подобро и поубаво општество за сите.“

На крајот од денешната средба беа доделени 25 пакети со храна на исто толку социјално загрозени семејства од општина Штип.

 

Crven krst-4

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2018
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize