Дома Настани Градежни активности во населба Баби
Градежни активности во населба Баби
Вторник, 23 Јануари 2018 14:14

nas Babi-1Зборот е збор! Пред изборите ветивме, а сега остваруваме. Во октомври минатата година ги посетив моите сограѓани од населба Баби, на кои им ветив поголеми вложувања во инфраструктурата во овој дел од градот.

Во декември минатата година, после повеќегодишно паузирање, конечно продолжија активностите поврзани со уредување на градежното земјиште во станбена зона Баби 6. Иако овие активности започнале во 2014 година, а граѓаните редовно си ги плаќале комуналните давачки, по изведувањето на главната канализациона линија на улица 7, работите биле стопирани.

Со налог издаден од мене, активноститеnas Babi-2 продолжија онаму кадешто застанале, при што се реализира дозавршување на канализација и изведба на водоводна линија на улица 7. Со тоа, водовод и канализација на оваа улица се завршени.

Од вчера започнаа активности за изведба на водоводна и канализациона линија на улица 6 и се очекува овие активности да завршат за петнаесет работни дена. Со ова обезбедуваме водовод и канализација за 22 станбени објекти на улиците 6 и 7 во населба Баби.

Со подобрување на временските услови, улиците 6 и 7 ќе бидат асфалтирани.

Вкупната инвестициска вредност на овие проекти е предвидено да изнесува околу 7 и пол милиони денари. Средствата се обезбедени од Општина Штип, по програма за уредување градежно земјиште и буџет на ЈП „Исар“ Штип.

Почитувани сограѓани,

Воведуваме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното.

Градиме по план. Обезбедуваме инфраструктура за сите. Затоа што за нас сите граѓани и сите нивни потреби се важни.

 

 

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Февруари 2018
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize