Дома Настани Асфалтирање на пат до с.Никоман
Асфалтирање на пат до с.Никоман
Понеделник, 06 Март 2017 10:11

pat-Nikoman-1Почна асфалтирањето на локалниот пат меѓу штипските села Шашаварлија и Никоман. Раководителот за Инспекциски надзор во Општина Штип, Тоше Ѓорѓиевски денеска изјави дека патот е во должина од три километри, а инвестицијата од 13 милиони денари е на Општина Штип:

-Изведувач на градежните работи е „Коле транс инжињеринг“ од Штип. Со ова Општина Штип покжаува дека им обраќа внимание на руралните средини и со ова се исправа една 70 годишна неправда за овие населени места кои немале асфалтен пат и инфраструктура - вели Ѓорѓиевски.

Портпаролот на Општина Штип,pat-Nikoman-2 Драган Ристов вели деа со подбрувањето на временските прилики во Штип почна и градежната сезона за изградба на голем број на инфраструктурни проекти:

-Знаете дека за цело време додека траеше зимата општината не мируваше туку напротив течеа тендерски постапки, со цел што побрзо и поефикасно општината да започне со асфалтирање на улици и локални патишта. Во оваа фаза и во наредните два месеци покрај изградбата на локалниот пат до село Никоман ќе се асфалтираат и други патишта од Плачковичкиот регион, рече Ристов.

По завршувањето на овој пат ќе се асфалтираат и локалните патишта до Калапетровци, Почивало и Кошево.

pat-Nikoman-3pat-Nikoman-4

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Април 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize