Дома Настани Чистење на старата депонија
Чистење на старата депонија
Понеделник, 22 Јануари 2018 12:16

deponija-1 resizeДенеска бевме на локацијата на старата депонија за отпад, на потегот помеѓу населбите Железничка, Пребег и Ново село. Како што многу наши сограѓани знаат, станува збор за локација за којашто пред петнаесетина години беше донесена одлука да се потрупа со градежен материјал, земја и шут.

Деновиве, екипи најмени од страна на Општина Штип вршеа чистење на овој дел од градот, бидејќи сè уште постојат граѓани коишто го загадуваат овој простор со отпад.

Според Закон за јавна чистота,deponija-3 resize загадувањето со отпад е казниво, па затоа апелирам до сите наши сограѓани да не го фрлаат отпадот овде и да се грижат за чистотата на овој дел од нашиот град, кој од ден на ден сè повеќе се развива и расте. На овој потег секојдневно пешачат и се рекреираат не само граѓаните од населбите Пребег и Железничка, туку и од целиот наш град. Со совесно граѓанско однесување можеме да ги спречиме непријатните глетки на отпад во овој дел.

Чистење на старата депонија треба да се прави редовно, но заради немарна работа на претходната власт, оваа локација не беше чистена подолг период. Имено, за чистење на оваа локација секогаш се распишува тендер, но и покрај тоа што тендери биле распишувани, средствата биле исплатени, но работата на терен не била извршувана.

Општина Штип на самиот почеток од оваа година ја чисти оваа локација, со цел повторно да може да се навлекува земја и да се одржува здравата и чиста средина, што е во интерес на сите нас.

Инаку, Општина Штип заедно со Општините од регионот е вклучена во работата за отворање регионален центар за управување со отпад, каде со најмодерна технологија ќе се складира отпадот, а со минимално влијание врз животната средина.

 

deponija-7 resizedeponija-11 resize 

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2018
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize