Дома Настани Оддржана 51.та седница на Советот на Општина Штип
Оддржана 51.та седница на Советот на Општина Штип
Понеделник, 20 Февруари 2017 11:17

sovet-opstina-stip-2Педесет и првата седница на Советот на Општина Штип се оддржа на 17 февруари 2017 година (петок).

Усвоена е Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП 9777/2 за КО Штип-4 со намената на бесправно изградениот објект, за КП 812 за КО Лесковица,за КП 4712 за КО Штип-3, за КП 2027 за КО Чардаклија, за КП 1291/2 за КО Штип-1, потоа за КП 1048 за КО Штип-1, и за КП 5969/1 за КО Штип-3.

Изгласана е Предлог-Одлука за определување имиња на улици во УЗ „Балканска“ во Штип, потоа Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовник за извршување на услуги на ЈП „Стипион 2011“-Штип за изработка на урбанистичка документација и Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за набавка на пластично црево за цевковод во село Врсаково.

Советот ја усвои и Предлог-Одлуката за одобрување на финансиски средства на ФК „Брегалница 2008“-Штип.

12. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на спортски клубови, Предлог-Решението за формирање и именување претседател и членови на организациониот одбор за организирање на Петтата научно стручна конференција со меѓународен карактер на тема „Современото воспитание и

образование-состојби, предизвици и перспективи“ и Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2017 година.

Советниците го усвоија и Извештајот за активностите на Боречки клуб „Балканец“-Штип за 2016 година, Извештај за извршување на одлуките на Советот на Општина Штип за периодот октомври-декември 2016 година, потоа Информацијата за извршување на надлежностите на градоначалникот за периодот јуни-декември 2016 година, Извештај за реализација на Програмата за одбележување на денот на градот 19 декември – Свети Никола 2016 и 93 години од раѓањето на Ацо Шопов и Извештај за реализација на Програмата за култура за 2016 година.

Се разгледаа и усвоија и Извештај за реализација на Програмата за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Штип за 2016 година, за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2016 година, потоа за реализација на Програмата за локален економски развој на Општина Штип за 2016 година и Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на Општина Штип за 2016 година.

Советниците ги прифатија и извештаите за состојбите со криминалитетот и другите безбедносни појави на подрачјето на Општина Штип во второто полугодие на 2016 година, за работењето на ЈП „Стипион 2011”-Штип по Програмата за одржување на локални патишта и улици за 2016 година како и

Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Штип за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година и Годишен извештај на единиците на локалната самоуправа за напредокот на состојбата со еднаквите можности за жените и мажите за 2016 година. Советниците го увоија и годишниот извештај на Територијалната противпожарана единица-Штип за 2016 година, за начинот на користењето на спортските сали при основните и средните училишта во Општина Штип,

за наменската употреба на средствата собрани од користењето на спортската сала за 2016 година од ООУ„Ванчо Прке“-Штип, во ООУ„Гоце Делчев“ , ООУ„Тошо Арсов“, ООУ„Димитар Влахов“, ООУ „Славејко Арсов“ , СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Коле Нехтенин“.

Усвоена е и иницијативата за промена на режим на сообраќај на мостот на река Отиња кај Гимназија „Славчо Стојменски“-Штип а на крај беа поставени и неколку Советнички прашања.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Август 2017
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize