Дома Настани Оддржана седница на Комисија за финансии
Оддржана седница на Комисија за финансии
Петок, 10 Февруари 2017 14:28

Stip-Meto resizeВчера се оддржа 57.ма седница на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.

Усвоен е Извештај за реализација на програмата за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Штип за 2016 година, Извештај за реализација на програмата за јавно осветлување за 2016 година и Извештај за реализација на програмата за локален економски развој на Општина Штип за 2016 година.

Усвоен е и Извештај за реализација на програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на Општина Штип за 2016 година, Извештај за реализација на програмата за одбележување на денот на градот 19 декември – Свети Никола 2016 и 93 години од раѓањето на Ацо Шопов и Извештај за реализација на Програмата за култура за 2016 година.

Прифатен е и Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на Општина Штип за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година, Ценовник за извршување на услуги на ЈП,,Стипион 2011” – Штип за изработка на урбанистичка документација, Извештај за работењето на ЈП,,Стипион 2011” – Штип по програма за одржување на локални патишта и улици за 2016 година и Годишен извештај за начинот на користењето на спортските сали при основните и средните училишта во Општина Штип.

На крајот, усвоени се годишните извештаи за наменската употреба на средствата собрани од користењето на спортската сала за 2016 година од ООУ„Ванчо Прке“-Штип, на ООУ„Гоце Делчев“, на ООУ„Тошо Арсов“, ООУ„Димитар Влахов“ , ООУ „Славејко Арсов“ , СОУ „Јане Сандански“ – Штип и СОУ „Коле Нехтенин“ - Штип.

Усвоени се и барањето за доделување на финансиска подршка на ФК „Брегалница 2008’’ AД Штип, извештај за активностите на Боречки клуб ,,Балканец’’– Штип за 2016 година, Програма за работа на Боречки клуб ,,Балканец’’– Штип за 2017 година, Финансиска програма за РК ,,Текстилец” – Штип за натпреварувачката 2017/2018 година и барање од жители на село Варсаково.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize