Дома Настани Штип прва општина на Истокот а десетта во Македонија по транспарентност
Штип прва општина на Истокот а десетта во Македонија по транспарентност
Среда, 11 Јануари 2017 12:26

transparentnost1Центарот за граѓански комуникации од Скопје, го објави индексот на активна транспарентност за 2016 година. При тоа се истражувани 97 институции, во најголем дел локалните самоуправи но и ресорните Министерства. Генерална оценка е дека Општините имаат подобра активна транспарентност во поглед на Министерствата, при што на првите 18 места се локални самоуправи а првото Министерство е дури на 19 место (Министерство за локална самоуправа).

Општина Штип на генералната скала од 97 институции transparentnost2го дели 10.тото место со Општина Центар и спаѓа во групата на општини со добра активна транспарентност. Штип има 71.1% резултат во поглед на транспарентноста. На прво место е Општина Крива Паланка,а следат Велес, Битола и Струмица.

Што се однесува до регионите, од осум, Источниот регион е на средина, односно на 4 место со 45.2% резултат, наспроти првиот, Североисточниот кој е со 54.5%.

На ранг листата во источниот регион, од 11 општини, Штип е на првото место а потоа следат Пробиштип, Берово, Делчево, Кочани, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица, Виница, Пехчево, Зрновци и последна со 9,0 % резултат е соседната Општина Карбинци.

Истражувањето е направено врз основа на податоците кои општините и министерствата ги имаат на веб страниците но и од одговорите на рашалници кои се концентрирани на неколку сегменти а тоа се пристап до информации, информации за надлежности и за услугите и за буџетската и финансиската транспарентност.

Инаку Центарот за граѓански комуникации е НВО основана во 2005 година и со која Општина Штип, заедно со „Инфо-центар“ соработуваше на изготвување на Стратегиите и програмите за комуникации, за што искажуваме голема благодарност. Истражувањето е подготвено од двајца поранешни новинари кои сега се дел од Центарот за граѓански комуникации, Герман Филков и Сабина Факиќ заедно со Марко Митевски.

Високата оценка која Штип ја има во последните 6 години на планот на транспарентноста се резултат на поголемата отвореност кон граѓаните и медиумите и на воведените принципи на соработка и контакти со медиумите и јавноста. Од 29 август 2009, до 31 декември 2016, значи за 7 години и 4 месеца издадени се над 1450 дневни електронски билтени, испратени се над 9.000 СМС пораки до новинарите, дадени се над 2500 изјави, издадени се над 150 соопштенија и сервисни информации, оддржани се над 250 прес конференции и брифинзи за новинарите, од 2011 до 2016 подготвени 2 стратегии за комуникации и 5 годишни програми за комуникација и

комплетно е редизајнирана интернет (веб) страница на Општина Штип, со сите потребни информации за сервисите и услугите на локалната самоуправа.

Секако, ваквото ниво на транспарентност и ваква висока оценка немаше да биде можна без учество и поддршка на колегите новинари од Штип, регионот вклучително и дописничката мрежа кои во континуитет соработуваа , за што општината им се заблагодарам за соработката.

Извештајот може да се симне на линкот:

http://www.ccc.org.mk/images/stories/index_aktivna_2016_final.pdf

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Јуни 2017
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize