Дома Настани Заврши реконструкцијата на спортската сала во штипското училиште „Ванчо Прќе“
Заврши реконструкцијата на спортската сала во штипското училиште „Ванчо Прќе“
Петок, 23 Септември 2016 13:32

sportska-sala-V.Prke01Заврши реконструкцијата и промената на прозорците на спортската сала во најголемото основно училиште во Штип. Директорката на ООУ „Ванчо Прќе“, Весна Ничева на денешната прес-коференција изјави дека средствата во висина од 335.000 денари се обезбедени од буџетот ан Општина Штип.

-ООУ „Ванчо Прќе“ од Штип sportska-sala-V.Prke02во континуитет ги подобрува условите за работа, по завршувањето на спортските терени во подрачаните училишта во селата Селце и Лакавица завршивме и со реконструкција и на прозорите во спортската сала во централното училиште. Наредна инвестиција се надеваме дека ќе обезбедиме финасиски средства би било промена на кровната конструкција на спортската сала, вели Ничева.

Наставникот по Физичко образование во ООУ „Ванчо Прќе“-Марјан Манев вели дека со реконструкцијата учениците и од одделенска и од предметна настава ќе добијат подобри услови за настава во спортската сала.

-Инвестицијата значи подобри услови за работа и во текот на летото и зимата, со што нема да се губи топлината, а условите ќе бидат подобри за децата, вели Манев.

sportska-sala-V.Prke03Со пари од општинскиот буџет во моментов се реконструира соблекувалната и се заменуваат прозорците и во спортската сала во ООУ „Тошо Арсов“.Наредна инвестиција е изградба на отворено спортско игралиште во село Шашаварлија, а завршени се спортските игралишта во селата Селце и Лакавица. Исто така завршени се и отворените терени и во ООУ „Тошо Арсов“ и во селото Чардаклија.Во тек се и тендерските постапки за оградување на спортските игралишта во населбите Баби, Пребег, Селце и Шашаварлија, а завршено е оградувањето на отворените терени во населбите Ново село, Железничка и Балканска.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize