Дома Настани Со спектакуларниот концерт на Здравко Чолиќ, заврши десетотто издание на „Штипска пастрмалијада 2016“
Со спектакуларниот концерт на Здравко Чолиќ, заврши десетотто издание на „Штипска пастрмалијада 2016“
Вторник, 20 Септември 2016 11:02

Pastrmalijada-2016-1Во неделата вечер, Штип беше домаќин на околу 100.000 луѓе. На третата и последна вечер, со концертот на Здравко Чолиќ заврши манифестацијата „Пастрмалијада“ која се оддржа по десетти, јубилеен пат.

- Триипол часовен концерт, се пееше хит до хит. По коментарите на нашите сограѓани можеме да кажеме дека беше оценет со највисоки оцени, кажа Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

- Убава енергија, многу млади луѓеPastrmalijada-2016-2 и не само од Штип, туку и луѓе кои дошле од Скопје и цела Македонија, можеби и од Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија. Се на се, една убава вечер и среќен сум што по неколку години имавме еден озбилен концерт, изјави Здравко Чолиќ, кој оствари средба со градоначалникот Захариев.

Pastrmalijada-2016-3Според многумина, ова досега беше најуспешната Пастрмалијада во Штип, со рекордна посетеност и одлична организација.Задоволни се и угостителите:

- Се уште е рано да шпекулираме за бројки околу тоа колку пастрмајлии се продадоа овие денови. Само можам да кажам дека сме заводолни од посетеноста и продажбата - кажа Емил Попадинов, угостител.

Изградбата на новиот кружен тек и изменетиот режим на сообраќај, беа причина да нема проблеми во сообраќајот, иако за три дена одовде поминаа над 150.000 гости:

- Сообраќајот се одвиваше по околните улици, во неделата имавме најголем број посетители, односно примивме околу 20.000 возила кажа Баже Милев, командир на сообраќајна полиција ПС – Штип.

На толку луѓе и гужва, од безбедносен аспект трите дена на Пастрмалијадата поминаа беспрекорно:

- Немаме пријавено ниту еден инцидент за нарушување на јавниот ред и мир, истакна Александар Николов, командир на ПС – Штип.

10-тото јубилејно издание на Пастрмалијадата започна со сечење на џиновска пастрмалија, а заврши со сечење на торта во вид на брендот на Штип – пастрмалијата.

Pastrmalijada-2016-4Pastrmalijada-2016-5Pastrmalijada-2016-6Pastrmalijada-2016-7Pastrmalijada-2016-8Pastrmalijada-2016-9Pastrmalijada-2016-10Pastrmalijada-2016-11Pastrmalijada-2016-12Pastrmalijada-2016-13Pastrmalijada-2016-14Pastrmalijada-2016-15Pastrmalijada-2016-16Pastrmalijada-2016-17

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize