Дома Настани Се асфалтираат три улици во еден ден во Штип
Се асфалтираат три улици во еден ден во Штип
Понеделник, 05 Септември 2016 09:33

asfalt-3-1Општина Штип за време на викендот започна со асфалтирање на три улици во населбата „Дузлак“. Станува збор за улицата која ги спојува „Панче Караѓозов“ со „Сремски Фронт“ во должина од 520 метри потоа крак од улиците „Скопска“ и во должина од 470 метри и „Свети Николска“ од над 200 метри:

- Вкупната должина asfalt-3-2на улиците кои денес се асфалтираат е околу 1.5 километри и оваа постапка се реализира по неколку децении. Овде голем дел од куќите добија имотен лист согласно Законот за легализација и добиваат асфалт а имајќи во предвид дека тука имаше пред се земјен пат кој по секој дожд се претвораше во кал, асфалтот е најдобра новина за овие луѓе тука - кажа Тоше Ѓоргиевски од Општина Штип.

Веќе од идната недела следи асфалт за улицата „Иво Лола Рибар“, потоа „АСНОМ“, крак од „Анте Банина“ а во тек се тендерски постапки за уште 20.тина улици до крајот на 2016 година.

Според статистиката, локалната саmоуправа во периодот од 2013 до сега асфалтирала над 110 улици во Штип и рурaлните средини. Имено денес беа промовирани асфалтираните улици во село Селце а вчера во село Драгоево. Вредноста на проектите беше над 6 милиона денари од кои дел се од Бирото за рамномерен развој, за улиците во Драгоево.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize