Дома Настани Почна уредување на локалитетот стара детска амбасада кај црквата Свети Илија во Штип
Почна уредување на локалитетот стара детска амбасада кај црквата Свети Илија во Штип
Понеделник, 29 Август 2016 10:06

ambasada-1Општина Штип и ЈП „Исар“ започнаа со уредување на локалитетот кај старата детска амабсада спроти црквата Свети Илија. Објектот со децении е напуштен и претставува наркоманско гнездо:

- Екипите на јавна чистота ќе ја расчистат надворешноста и внатрешноста на објектот и истиот ќе биде подготвен за понатамошни активности - кажа Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“.

Инвестицијата е на Општина Штип и ќе овозможи комплетно средување на локалитетот:

- Општината обезбедиambasada-2 50.000 евра за уредување на објектот но на крај ќе се знае точната вредност на инвестицијата. Со парите ќе се уреди внатрешноста на старата детска амбасада, комплетна промена на прозорите, вратите, подот и друго, ќе има надворешно средување, потоа ќе се направи парк, ќе се стави ограда а ќе се среди и просторот помеѓу овој објект и црквата Свети Илија. Најверојатно ќе се уреди со бехатон, ќе се урбанизира и ќе се постават други содржини. Ќе се асфалтира и пристапот до објектот - кажа Драган Ристо, советник за односи со јавност.

Објектот ќе биде во владение на библиотеката „Гоце Делчев“:

- Овој објект пред неколку години и е доделен на НУ-УБ Гоце Делчев а сега со поддршка на општината и јавните претпријатија целиот објект ќе се среди. Истиот ќе биде уреден за потребите на читателите, со комплетна инфраструктура - изјави Милена Ристова-Михајловска, директор на библиотеката.

Со средства од ИПА програмата Општина Штип го реновираше некогашното руинирано летно кино кое сега е мултимедијален центар и успешна инвестиција. На сличен начин, со средства од Општината сега се уредува уште еден локалитет во Штип.

ambasada-3ambasada-4

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize