Дома Настани Градоначалникот Захариев ги додели наградите за најуспешни декорации во Штип
Градоначалникот Захариев ги додели наградите за најуспешни декорации во Штип
Петок, 27 Декември 2013 14:25

nagradi-novogodisni-dekoracii-27122013-1Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев денес во работниот кабинет ги додели наградите за најуспешна новогодишна и Божиќна креација. Овие награди се доделуваат традиционално секоја година, со цел да се предизвика интерес за украсување на градот. И оваа година, наградите беа доделени во три категории: индивидуален објект, јавна институција и деловен објект.

Најубава новогодишна декорација во категоријата индивидуален објект има семејството Патркалиски, кое на украсувањето на домот работело две недели. Во категоријата јавна институција, наградата ја доби Универзитетот „Гоце Делчев“, за украсениот двор пред Ректоратот додека најубава декорација кај деловен објект има ресторанот „Лонгуров“.

- Наградата е симболична и има само за цел да ги потенцира добрите вредности, навики и можноста да се украси градот. општината редовно секоја година го разубавува градот во рамките на можностите а значително во тоа помагаат и ваквите ентузијасти кои прават декорации кои ја збогатуваат таа новогодишна атмосфера. Можам да им честитам и да им посакам уште многу успеси - изјави градоначалникот Захариев.

Традиционално, секој од добитниците во категориите добива стаклена ваза бохемија.

nagradi-novogodisni-dekoracii-27122013-2nagradi-novogodisni-dekoracii-27122013-3

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јуни 2019
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize