Дома Настани Во 2014 година Општина Штип планира да продаде над 80 градежни парцели
Во 2014 година Општина Штип планира да продаде над 80 градежни парцели
Вторник, 17 Декември 2013 09:39

stip-avionska resizeСогласно програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ која вчера беше усвоена на седница на Комисијата за урбанизам на Општина Штип, во 2014 година е предвидено да бидат огласени за продажба над 80 градежни парцели.

Како што напомена Тања Николова, соработник за градежно земјиште во Општина Штип, има доволна застапеност на парцелите по повеќе основи, доволен број и за индивидуално домување, и за колективни станбени згради и за стопански објекти:

- Во 2013 година имавме неколкуtanja-nikolova-gradezno-zemjiste-17122013 успешни огласувања и практично сето она што беше планирано се продаде. И во 2014 има локации за индивидуални куѓи кои се лоцирани во населбите Баби, Блок 2000 и Јужен реон 2, додека локации за колективни станбени згради се планирани во населбите Сењак и Автокоманда. Што се однесува до стопанските објекти, локалната самоуправа предвиде локации за продажба во зоните во населбите Балканска, во Баби и Македонка. Тоа ќе даде поттик и на локалната економија а успешната продажба ќе значи и прилив за општината, кои секако се враќаат назад кај граѓаните преку инвестиции во инфраструктура.

Според Николова, во програмата се предвидени и градежни маркици за бензинска пумпа, детски градинки и друго. Последната лицитација за градежно земјиште беше реализирана пред еден месец кога општината успеа да продаде над десетина локации од кои дури девет беа за индивидуални куќи. Интересот кај граѓаните се зголемува имајќи во предвид дека за индивидуалните куќи почетната цена на лицитацијата е 61 денар за м/2.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize