Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Култура Ново Село
Ново Село

stara_arhitektura_vo_novo_selo_resizeСоставен дел на Штип е и Ново Село што се наоѓа на патниот правец кон Радовиш, во клисурата на река Брегалница, зад градскиот Исар. Станува збор за историско место, познато по престојот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, кој бил учител во училиштето во Ново Село. Тоа училиште минатата година е реконструирано и стана седиште на Ректоратот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“.

Ново Село е една од најстарите населби во Штип. stara-arhitektura-03_resizeИако точни податоци за периодот на формирањето на населбата нема, се претпоставува дека како посебна населба Ново Село постоело уште пред тринаесеттиот век.

Дека е така, потврдуваат и големиот број на цркви што потекнуваат токму од овој период како што е најстарата црква во овој реон, Свети Спас.  Во периодот на 13 и 14 век Ново Село било вакаф на султанот Бајазит. Потоа со доаѓањето на султанот Мурат Втори, Ново Село е прогласено за војничка и чуварска населба и добива посебни права и привилегии.

Од периодот на неговото формирање во Ново Село живеело исклучиво христијанско население. Тоа го потврдува и пописот од 1519 година, според кој овде живеело 21 христијанско семејство. За турското население Ново Село било забранета територија. Овде Турчин не смеел ниту да помине, а ако, евентуално, заноќил, жив утрото не го дочекувал. Проблеми немале само оние кои доаѓале со добра намера.

Во периодот на 19 век Ново Село игра клучна улога во будењето на националната свест кај македонскиот народ, особено по учителствувањето на Даме Груев и Гоце Делчев. Низ историјата Ново Село се споменува како родно место на многу истакнати македонски дејци. Дел од нив местото во историјата си го нашле. Дел, пак, се предмет на најразлични контраверзии. Имено, овде се родени: Михајло Апостолски, Тодор Александров и Ванчо Михајлов. Едни од најпознатите стари Штипски семејства, чие потекло е од Ново Село, се: Чепреганови, Мијалкови, Хаџи Кимови и многу други.

За Штипско Ново Село се плетат многу легенди, кои несомнено го сместуваат како своевидно богатство на градот Штип што особено плени со старата архитектура видлива на секој чекор. Дел од објектите се заштитени со закон, додека кај дел од нив е потребно да се преземат конзерваторски зафати за да ја задржат својата форма но и да бидат соодветно претставени.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2021
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize