Дома Јавни претпријатија ЈП Штип Проект
ЈП Штип Проект

Ј.П. за урбанизам, уредување на градежно земјиште "Штип - Проект" - Штип е основано од страна на Советот на општина Штип на 11.03.1998 година, а практично почнува да функионира и работи од 09.05.1998 година.

 

Ј.П."Штип Прокет" - Штип работи како правно лице од посебен општествен интерес за општина Штип во чиј состав се следниве работни единици:

 
 
  • работна единица за урбанизам
  • работна единица за геодезија
  • работна единица за уредување на градежно земјиште
  • работна единица за одржување сообракајници
  • финансиско - материјална служба
  • правна служба


Ј.П. "Штип Проект" ги врши следниве дејности:
stip-proekt_ulici_resize

  • изработување на урбанистички план за општина Штип, изготвување на техничка документација во врска со реализацијата на урбанистичките планови и геодетски работи во врска со урбанистичките планови, урбанистичко планирање и реализација;
  • уредување на градежно земјиште;
  • уредување и одржување на улици и сообраќајници;
  • останати неспомнати комунални дејности.

Финансирањето на основните дејности (уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на улици и сообраќајници, останати неспоменати комунални дејности) се врши од собраните средства од надоместок за уредување на градежно земјиште, дел од распределени средства од општински фонд за патишта и улици и од други услуги извршени за правни и физички лица.

Финансирањето на урбанистичките планови се врши од Општинскиот буџет, и од други приходи остварени преку вршење на услуги на граѓани и останати правни лица.
Вработените во ЈП Штип - Проект, како надлежни за спроведување на Програмата за уредување на градежно земјиште својата активност ја насочуваат кон спроведување на програмата која представува обврска на ЈП.

Извршувањето на задачите опфатени со програмата преставуваат континуиран процес кој се одвива перманентно создавајќи процеси и можности за реализација на програмските задачи.

 

Изработка на урбанистички планови

 

Изработува  и спроведува  годишни програми за урбано планирање  за територијата на опшната Штип.

 

Поседува  овластување (лиценца ) за изработување на урбанистички планови, го прати интересот на инвеститорите  домашни и странски  за локален  развој  преку урбаното планирање, перманентно  ја  зголемува вредноста  на градежното земјиште  (во приватна и државна сопственост) преку планирањето, и на тој начин битно влијае  на економскиот развој  преку компонетата на урбаното планирање.

 

Уредување на градежно земјиште

 

Преку реализирање на годишни програми  за уредување на градежно земјиште  за општина  Штип ЈП ШТИП - ПРОЕКТ го уредува целосно градежното земјиште  на новопредвидените парцели за домување, работа и сл. со инфрастуктура  (водовод, фекална канализација, пристап и електронапојување).

 

Одржување на улици и патишта

 

stip-proekt_ulici_2_resizeПреку донесени годишни програми за  изградба и одржување на локални патишта и улици  во градот Штип, ЈП ШТИП – ПРОЕКТ врши перманентно летно и зимско одржување, крпење на ударни дупки, крпење на прекопи на јавно - прометни побвршини, редовно обележување на хоризонтална и вертикална сигнализација, одржување на семафорски системи, одржување на атмосферска  канализација  и останати комунални дејности, за што е целосно опремено со механизација и соодветен стручен кадар.

 

Група за геодетски работи

 

Групата за геодетски работи  располага со современа опрема  и тотална станица СЕТ600 со софтвер   за изработка на подлоги за урбанистики планови, урбанистички проекти, проекти за дворни уредувања, исколчување на парцели  и објекти,  изработување на елаборати за експропријација  со висок процент на точност.

 
 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize