Дома Еднакви можности Одржан прв состанок на Интерсекторска група за еднакви можности на Општина Штип
Одржан прв состанок на Интерсекторска група за еднакви можности на Општина Штип
Вторник, 19 Ноември 2019 11:41

Intersektorska grupa 01На 14 ноември 2019 година со почеток во 11 часот во Сала 2 на Општина Штип се одржа прв состанок на Интерсекторската група за еднакви можности. Состанокот беше закажан на иницијатива на менторката за родова рамноправност ангажирана од UN Women , Кристина Хаџи Василева.

Општина Штип до сега немаше формирано ваква интерсекторска група, каква што имаат формирано некои од општините во државата. Потребата од координирано работење на полето на родовата рамноправност и подобрување на состојбите ја иницираше постапката за формирање на ваква група. Целта беше да се создаде еден тим кој ќе ги следи состојбите на планот на родовата еднаквост, ќе работи на подобрување на истите преку разгледување на сите програми кои ги изготвува општината и институциите кои се под нејзина надлежност, и ќе се залага за реализирање на родово одговорно буџетирање. Градоначалникот на општината, Благој Бочварски, донесе Решение за формирање на Интерсекторската група од редот на вработените.

На состанокот присуствуваа членовите на новоформираната Интерсекторска група за родова еднаквост на Општина Штип Снежана Санева, координаторка за еднакви можности на Општина Штип, Марина Митревска, заменик координаторка за еднакви можности, Милкица Димитрова, од Одделението за поддршка на градоначалникот, Силвана Николова, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште, регулација и геодетски работи, Зорка Јованова виш соработник во Одделението за правно-нормативни работи и поддршка на советот, Влатко Панов, соработник во Одделението за урбанизам, градежништво, станбени работи и заштита на животна средина , Александра Стојанова, помлад соработник за човечки ресурси, Беами Шакиров односи со заедниците.

Intersektorska grupa02

Покрај нив во телото членуваат и Билјана Казанџиска, раководител на сектор за јавни служби, образование и ЛЕР, Тоше Ѓоргиевски, раководител на Сектор за инспекциски работи - главен инспектор и Трајче Цветков, раководител на Одделение за буџетска координација за кого на состанокот имаше делегирано замена Денис Мемишов.

Состанокот го водеше Кристина Хаџи Василева, која на почетокот ги запозна присутните со целта на постоењето на Интерсекторската група. За полесно запознавање со суштинските поими од областа на родовата рамноправност, менторката Хаџи Василева на присутните им прикажа презентација, а беше спроведена и вежба со кратки изјави за кои членовите требаше да определат дали се однесува на полови или родови карактеристики.

По завршување на вежбата започна дискусија за наредните активности на Интерсекторската група. Беше утврдено дека оваа група треба да ги разгледа сите програми пред да бидат донесени на Советот и да интервенира онаму каде што е можно, со цел воведување на родовата перспектива. Се донесе заклучок дека по доставување на програмите до Советот, Зорка Јованова ќе ги испрати до интерсекторексата група која ќе закаже состанок за разгледување на истите.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize