Дома Еднакви можности Одржано предавање за остеопорозата
Одржано предавање за остеопорозата
Вторник, 05 Ноември 2019 10:47

Predavanje-Osteoporoza-01По повод Светската недела за борба против остеопороза, на 4 ноември 2019 во Салата на Советот на Општина Штип се одржа предавање на тема „ Остеопороза – превенција и лекување“ . Предавач беше д-р Светлана Тофиловска Јосифовска, интернист од ЈЗУ Клиничка болница Штип, а учесник во предавањето беше и сестра Бети Чурај од ЈЗУ Здравствен дом Штип која работи на апаратот за откривање н а остеопорозата.

Остеопорозата е болест која во најголем процент (80%) ги зафаќа жените, но можно е да се појави и кај машката популација. Возрасната граница од над 45 години е ризик фактор за појавување на оваа болест. Ако не се лекува, доаѓа до порозност и лесно кршење на коските при инцидентни ситуации поради самата тежина на телото на пациентот. Лекувањето трае најмалку 5 до 7 години. Внесувањето на калциумот на правилен начин, заедно со витамин Д е предуслов за успешно лекување. Во зависност од степенот на заболеност, пациентите може да добиваат секојдневна, неделна, месечна или терапија на секои 6 месеци.

Дензенометарот е апарат кој е единствен во Штип за цела Источна Македонија и претставува голем предизвик прегледот и скенирањето на истиот затоа што дневниот број на прегледи кој е возможен изнесува само 10. Но, и покрај ова, голем број на жени од сите градови во Источниот регион добиваат упати од матичните лекари за користење на овој апарат.

Правилниот начин на исхрана, богата со калциум, како и постојаните животни навики кои вклучуваат постојано движење и рекреирање, се едни од условите да се превенира оваа болест.

 

Predavanje-Osteoporoza-02

Predavanje-Osteoporoza-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize