Дома Еднакви можности Одржана Обука за Родово одговорно буџетирање за координатор-ите/ките за еднакви можности на општините, и други претставни-ци/чки на општинските администрации, Струга 10-13 јуни 2019
Одржана Обука за Родово одговорно буџетирање за координатор-ите/ките за еднакви можности на општините, и други претставни-ци/чки на општинските администрации, Струга 10-13 јуни 2019
Вторник, 18 Јуни 2019 09:34

RodovoBudgetiranje-01Во 2019 година продолжи веќе воспоставената соработка помеѓу Општина Штип и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Беше потпиша Меморандум за разбирање помеѓу градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски, како одговорно лице кое ја претставува општината и г-ѓа Алиа Ел Јасир, регионална директорка на Телото UN Women, за Европа и Централна Азија.

Соработката беше започната уште во 2014 година, кога за прв пат ова тело започна да работи со 10 општини меѓу кои и општина Штип. Со склучениот Меморандум за разбирање, ќе се имплементира проектот „ Промоција на Родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република С. Македонија.

Меѓу активностите кои беа предвидени со Меморандумот за разбирање беше и јакнење на капацитетите на општинската администрација и општинските совети за исполнување на заложбите во согласност со Законот за еднакви можности, Националната стратегија за родова еднаквост и Националниот акциски план за родова еднаквост. За таа цел, UN Women организираше обука за членови на општинската администрација на триесетина општини, меѓу кои и Општина Штип. Семинарот се одржа во Струга од 10 до 13 јуни 2019 година. Од општината учествуваа кординаторката за еднакви можности Снежана Санева, советничката во Одделението за буџетска координација Надица Бојаџиева и соработничката за спорт од Одделението за јавни дејности, Маја Ашкилова.

RodovoBudgetiranje-02

               Проектот „ Промоција на Родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република С. Македонија, е всушност нова фаза која ќе трае 48 месеци, значи 2018-2022 во која ќе учествуваат и МТСП, МФ, Парламентот на Репулика С. Македонија, ЗЕЛС, НАЛАС и НВО.

              Пред започнување на проектот е направено On – line инстражување при што било утврдено дека од вкупниот број на домакинства кои се наоѓаат во состојба на доходовен ризик, дури 39% биле водени само од жена, а додека процентот на семејства кои се во ваков доходовен ризик, значи на работ на сиромаштијата, а се водени само од мажи е помал и изнесува 18%.

Зошто РОБ во Република С. Македонија?

-                  Воведувањето на РОБ како алатка ќе значи пред сè, унапредување на родовата рамноправност која е предвидена како цел на многу меѓународни документи како што се: Конвенцијата за елиминација на сите форми а дискриминација врз жените - CEDAW, усвоена од ОН во 1979 година, Пекиншката декларација (1995), а секако ќе биде и во согласност со аспирацијата за членство во ЕУ како и со Агендата за одржлив развој на РСМ до 2030 година.

-                  Воведувањетоо на РОБ ќе значи имплементација на националните политики за родова рамноправност;

-                  Ќе значи подобрување на разбирањето и свеста за родовите нееднаквости во општеството

-                  Ефикасно користење на јавни финансии и ресурси

-                  Поголема отчестност и транспарентност во трошењето на јавните пари.

Визијата на UN Women, и на учесниците во овој проект е да се подобри животот на жените и мажите и да се постигне инклузија на најранливите категории. “Living no one behind” ( Да не изостане никој)

Две стратешки, долгорочни цели се:

-                  Управување со јавните финансии

-                  Вклучување на Граѓанските организации на најранливите категории

RodovoBudgetiranje-03

Во текот на тридневната обука беа образложени Концептот на развојни цели 2030 година, донесен од ОН ( вкупно 17 цели, од кои петтата цел е воспоставување на родовиот концепт, родовата еднаквост).

Родовата рамноправност подразбира:

-                  Еднакви права и слободи

-                  Еднаков третман на сите

-                  Еднаков пристап до иституциите ( образование, здравство, правда, социјални услуги, и др.)

-                  Рамномерна застапеост на двата пола во институциите

-                  Недискриминација по било кој основ

-                  Инклузија на сите ранливи категории

Покрај теоретскиот дел, беа изведени повеќе практични вежби и студии на случај, во кои беа вклучени сите учесници. Според нивото на познавање на темата РОБ, беа формирани две групи, едната со почетни знаење, а другата со напредни знаења за овој концепт.

Посебно корисно од семинарот беше можноста за вмрежување на општините и на координаторките и координаторите за еднакви можности, со цел воспоставување успешна соработка и размена на искуства.

https://www.facebook.com/unwomenskopje/

 RodovoBudgetiranje-04

RodovoBudgetiranje-05

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2019
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize