Дома Еднакви можности Изгласан Акцискиот план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Штип
Изгласан Акцискиот план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Штип
Вторник, 11 Септември 2018 11:43

ednkavi-moznosti-2Во рамки на проектот  „Заштита од дискриминација на локално  ниво“ кој се реализира со Х.Е.Р.А  - Асоцијација за здравствена едукација, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, во кој учествуваа неколку општини, меѓу кои и Општина Штип, произлезе заклучокот дека е добро,  за успешно спроведување на Законот за заштита и спречување на дискриминација  на локално ниво, да биде формирано Координативно тело за заштита од дискриминација, составено од членови од различни институции и од претставници од граѓанскиот сектор.

Општина Штип заедно со уште две општина, Општина Куманово и Општина Струмица беа  учеснучки во проектните активности кои се состоеја од повеќе обуки и од студиско патување  во Холандија, организрано за координаторите за еднакви можности, како и претставници од други институци.

По завршувањето на дел од обуките како резултат на нив, во сите три општини се формираа вакви тела за заштита од дискриминација на локално ниво.  За нивно формирање беше донесена и одлука на Советите на општините.

Локалното тело за заштита од дискриминација во Општина Штип беше формирано во 2016 година. Истото беше промовирано и почна да функционира во 2017 година. Во  неговиот состав влегоа членовите: Снежана Санева  - координатор за еднакви можности на Општина Штип, Елена Маневска Ѓоргоноска  - Народен правобранител од подрачната канцеларија во Штип,  Марика Делева Живкова – Министерство за правда, Бесплатна правна помош, Подрачна канцеларија Штип,  Македонка Николовска  -  претседател на Комисијата за еднакви можности на Општина Штип од  2013 до 2017 година,  Претставници на Здруженијата

на граѓани : Кристијан  Панев  - Фондација за развој на локална заедница,  Стефан Ташков  - ЗХА Синергија, Викторија Папарова  - Младински Клуб  и  Павлина Николовска  - НВО Цивитас. Претставниците од граѓанските здруженија беа избрани  според објавен конкурс на кој имаа поднесено свои апликации.

По консултации со претставниците на Асоцијацијата за здравствена едукација Х.Е.Р.А, се дојде до заклучок дека е потребно проширување на телото со нови членови. За таа цел, во јануари 2018 година беше распишан нов конкурс  за проширувње на членовите на телото со претставници од   три нови здруженија на граѓани.

По завршување на вториот конкурс, Локалното тело за заштита од дискриминација го прошири својот состав. Денес во него актуелни членови се:  Снежана Санева  - координатор за еднакви можности на Општина Штип, Елена Маневска Ѓоргоноска  - Народен правобранител од подрачната канцеларија во Штип,  Марика Делева Живкова – Министерство за правда, Бесплатна правна помош – Подрачна канцеларија Штип,  Бети Тасевска  -  претседател на Комисијата за еднакви можности на Општина Штип од  2013 до 2017 година,  Претставници на Здруженијата на граѓани : Кристијан  Панев  - Фондација за развој на локална заедница,  Вилма Јованова  - ЗХА Синергија, Викторија Папарова  - Младински Клуб  и  Павлина Николовска  - НВО Цивитас и како  претставници на три нови здруженија  Благојче Дишоски  -  НВО Гласен текстилец, Бети Пеева  -  ЗГ ЕХО, и Ерол Адемов  - Здружение на мултиетничко општество за човекови права од Штип.

Во делокругот на својата работа Локалното координативно тело за заштита од дискриминацијаво соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А изготви Аксики план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Штип. Истиот е без финансиски апликации за општината.

 

         На Седница на Советот која се одржа на 31 август 2018 година се донесе Одлука за донесување на Акциски план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Штип, бр. 08-4902/1 од 31.08.2018 година. Во наредниот период Локалното координативно тело за заштита од дискриминација ќе ги спроведе сите активности предвидени според Акцискиот план.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize