Дома Еднакви можности Одржана работилница на тема Подготовка на модел за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки – жртви на семејно насилство
Одржана работилница на тема Подготовка на модел за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки – жртви на семејно насилство
Вторник, 03 Јули 2018 14:11

SemejnoNasilstvo-01Во рамки на проектот „Подготовка на модел за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки – жртви на семејно насилство“, кој е дел од регионалната програма на UN Women „ Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промени и ставови“, во периодот од 27 до 29 јуни во Берово се одржа обука на Мултисекторскиот тим кој работи на спроведување на проектот во Република Македонија. Овој тим беше формиран на иницијатива на НВО ЕХО и Здружението на жени од Општина Струмица со цел да се соберат искуствата од сите институции кои директно непосредно се соочуваат со жртви на насилство, односно директни даватели на услуги. Тоа се: ЦСР, Здравствени институции, МВР, Обвинителство, Судство, Полиција, Општина. Претставниците на овие институции имаат задача да разработат најквалитетен модел за интегративен пристап во решавањето на проблемот на жените жртви на насилство. Во таа насока, треба да се создаде најдобра подлога за имплементирање на Истанбулаката конвенција која во Република Македонија беше ратификувана на 29 декември 2017 година, а истата стапи на сила на 1 јули 2018 година. Општина Штип е дел од Мултисекторскиот тим со свој претставник, координатор за еднакви можности, Снежана Саневa И раководител на Одделение за поддршка на градоначалникот Милкица Санева.

На работилницата беше направен опис на протоколите, односно процедурите на надлежните институции во случаи на насилство врз жени. Претседатлеката на НВО ЕХО Бети Пеева го презентираше Модул 5 од Пакетот неопходни услуги (претходните 4 веќе беа презентирани на претходната работилница Берово 26-28 март 2018), кој се однесува на Координација и управување со координацијата на надлежните институции.

Беа реализирани вежби (студии на случај) за посапување и соработка при процесите на конкретни реални случаи од животната практика на веќе споменатите институции. Се разви и дискусија за идентификување на пречките и проблемите во протокот на информации и соработката при процесуирање на случаите.

Претставничката на НВО ЕХО – организацијата која пружа директна стручна и беплатна (правна) помош на жени жртви на семејно и друг вид на насилство, Благица Киров го презентираше Нацрт Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција 2018-2023 година. Истиот може да се најде и на веб страната на МТСП http>www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-nacionalniot-plan-za-sproveduvanje-na konvencijata-za-sprecuvanje-i borba-protiv-nasilstvo-vrz-zen.nspx

Националниот акциски план има три основни цели:

 

  1. 1.Усогласување на законската рамка;
  2. 2.Воспоставување сервиси за унапредување на заштита на жртвите на родово базирано насилство и на жртвите на семејно насилство;
  3. 3.Спроведување на активности за превенција од родово-базирано и семејно насилство;

Беше донесен заклучок дека на локално ниво сите институции треба да работат заеднички, координирано, а нивната работа да ја координира НВО ЕХО. Тие ќе работат на случаи со жртви на насилство и ќе ги известуваат и останатите институции кои секоја во својот домен ќе ја пружи потребната услуга. Улогата на Општина Штип, според моделот на Општина Струмица би можел да се состои во издвојување на материјално финансисики средства кои би се дале на соодветна стручна граѓанска организација која ќе ја дава неопходната помош на жените жртви на насилство, а може да се реализира конкретно и преку обезбдеување на сместувачки капацитет на жени жртви на кои им е најнеопходна помош од различни услуги во првите моменти откако ќе стане жртва, пред сè, заштита на животот и здравјето, медицинска помош, социјална помош, сместување, а потоа и друг вид на помош, како правна помош и сл.

 SemejnoNasilstvo-02SemejnoNasilstvo-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize