Дома Еднакви можности СОСТАНОК НА ЛОКАЛНО КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ОПШТИНА ШТИП
СОСТАНОК НА ЛОКАЛНО КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ОПШТИНА ШТИП
Среда, 07 Февруари 2018 15:41

koordinativno telo-06022018-1На 6 февруари во Сала 2 на Општина Штип се одржа состанок на Локланото тело за заштита од дискриминација. Ова општинско тело е формирано во рамки на проектот „Заштита од дискриминација на локално ниво“ кој се спроведува во соработка помеѓу Општина Штип и Асоцијацијата за здравствена едукација Х.Е.Р.А, а е финансиски поддржан од Aмбасадата на Кралство Холандија во Република Македонија.

Општина Штип заедно со уште две општина, Општина Куманово и Општина Струмица беа учеснучки во проектните активности кои се состоеја од повеќе обуки и од студиско патување во Холандија, организрано за координаторите за еднакви можности, како и претставници од други институци.

По завршувањето на дел од обуките како резултат на нив, во сите три општини се формираа вакви тела за заштита од дискриминација на локално ниво. За нивно формирање беше донесена и одлука на Советите на општините.

Локалното тело за koordinativno telo-06022018-2заштита од дискриминација во Општина Штип беше формирано во 2016 година. Истото беше промовирано и почна да функционира во 2017 година. Во неговиот состав влегоа членовите: Снежана Санева - координатор за еднакви можности на Општина Штип, Елена Маневска Ѓоргоноска - Народен правобранител од подрачната канцеларија во Штип, Марика Делева Живкова – Министерство за правда, Бесплатна правна помош, Подрачна канцеларија Штип, Македонка Николовска - претседател на Комисијата за еднакви можности на Општина Штип од 2013 до 2017 година, Претставници на Здруженијата на граѓани : Кристијан Панев - Фондација за развој на локална заедница, Стефан Ташков - ЗХА Синергија, Викторија Папарова - Младински Клуб и Павлина Николовска - НВО Цивитас. Претставниците од граѓанските здруженија беа избрани според објавен конкурс на кој имаа поднесено свои апликации.

koordinativno telo-06022018-3По консултации со претставниците на Асоцијацијата за здравствена едукација Х.Е.Р.А, се дојде до заклучок дека е потребно проширување на телото со нови членови. За таа цел, во јануари 2018 година беше распишан нов конкурс за проширувње на членовите на телото со претставници од   три нови здруженија на граѓани.

По завршување на вториот конкурс, Локалното тело за заштита од дискриминација го прошири својот состав. Денес во него актуелни членови се: Снежана Санева - координатор за еднакви можности на Општина Штип, Елена Маневска Ѓоргоноска - Народен правобранител од подрачната канцеларија во Штип, Марика Делева Живкова – Министерство за правда, Бесплатна правна помош – Подрачна канцеларија Штип, Бети Тасевска - претседател на Комисијата за еднакви можности на Општина Штип од 2013 до 2017 година, Претставници на Здруженијата на граѓани : Кристијан Панев - Фондација за развој на локална заедница, Вилма Јованова - ЗХА Синергија, Викторија Папарова - Младински Клуб и Павлина Николовска - НВО Цивитас и како претставници на три нови здруженија Благојче Дишоски - НВО Гласен текстилец, Бети Пеева - ЗГ ЕХО, и Ерол Адемов - Здружение на мултиетничко општество за човекови права од Штип.

На состанокот се констатира новиот состав на Локалното тело за заштита од дискриминација,   се претстави работата на телото од неговото основање до денес, како и документите кои беа изготвени за непречно функционирање на неговата работа, како што е Протоколот за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација во Општина Штип.

            На состанокот се дискутираше и за претстојната обука на членовите на Локалното тело за заштита од дискриминација која ќе се реализира до 14 до 16 февруари во Велес. Обуката ќе се однесува на унапредување на вештини и способности на членовите на локалните тела за изготвување на акциски планови.

 

 

 

 

 

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize