Стопанство


Текстилна индустрија

zenska-konfekcijaОсновен белег на стопанството во Штип е текстилот кој по скоро сите економски показатели учествува со 70% во вкупните остварувања на индустријата во Општината. Развојот и афирмацијата на текстилот го презедоа над 70 конфекциски куќи од приватниот сектор, кои се организирани од стручниот кадар од претходно големите текстилни фабрики како што беа ТК „Македонка" и МК „Астибо". Истите станаа нови носители на вработувањето и нови носители на деловни односи со странските партнери. На поголем дел од нив основна дејност е лон работа, т.е продажба само на работна рака, без поголема додадена вредност на текстилните производи. Вкупниот број на вработени во оваа индустрија е околу 6,000.


Градежништво

Во областа на градежништвото во Општините е gradeznistvoизвршена трансформација и од некогашните големи градежни општествени фирми носители на градежништвото останаа да егзистираат:
АД Бетон - Штип

• АД Пелагонија-Штип

• Градител

• Актива а има регистрирано и повеќе мали фирми.
На индиректен начин, доста други пратечки дејности обезбедуваат работа за населението, и пред се од областа на градежно-занаетчиските услуги, кои ја пратат оваа основна индустрија во регионот.


Кожарска индустрија

Во кожарското индустриското производство во Штип лидер е фабриката за чевли „Баргала", cizma-bargalaкоја навреме ги помина транзициските процеси и приватизацијата.
Во Баргала има 1250 вработени, што претставува приближно 8% од вкупно вработените во општина Штип. 80 % од производството се извезува, додека 20 % е домашен пазар. Трудоинтензивноста (лон работа) е карактеристика и на оваа индустриска гранка. Вкупните годишни приходи на Баргала се приближно 3 мил. Евра. Инвестициските вложувања во последните три години приближно изнесуваат 19 мил. МКД (приближно 2 мил. Евра).


Прехранбена индустрија

Прехранбената индустрија е исто така една од позначајните во општина Штип. Поважни капацитети се фабриката за бонбони и гуми за џвакање „Европа", фабриката за масло со висок квалитет „Брилијант", фабриката за кондиторски производи „Мултикрем", фабриката за безалкохолни пијалоци „Ада", како и неколкуте винарски визби: Езимит Вино, Имако.


Трговија и Транспортни Услуги

Во последните неколку години со отпочнување на процесот на приватизација во Општината регистрирани се над 2000 фирми од кои поголем број се од сферата на трговијата. Големите општествени фирми од областа на трговија и услуги се трансформираа.


Дрвна индустрија

mebel04Дрвната индустрија во регионот на двете општини е во подем, а особено во општина Штип, и во принцип е индустрија која нуди можност за самовработување. Тоа е веднаш видливо од структурата на бизнисите во индустријата. Водечки во индустријата се фирмите Мебел Инжинеринг и Пеком Инжинеринг кои вкупно имаат 61 вработен, како и групата на помалите бизниси: Мак-мебел, Радо Дизајн, Дрво дизајн,  Бреза, Елан Трејд кои вкупно вработуваат околу 50 вработени. Постојат уште стотина микро бизниси кои во принцип нудат самовработување, и најчесто имаат еден до два вработени. Вкупниот број на вработени во оваа дејност е приближно 250 до 300.


Трговски капацитети

Познатите македонски маркет компании имаат свои капацитети во Штип. Словенечката групација Туш го отвори првиот маркет токму во Штип. Тука се и: Тинекс, Кам маркет, Нада - Меркур, Џолев компани и маркетите на Макпромет.


Угостителство и сместувачки капацитети

hotel_oaza_resizeЕгзистираат голем број на ресторани што нудат одлични специјалитети. Меѓу нив би ги споменале: Даблин, Нецко, Заки, Универзитетски клуб, Сан Ремо, Гроф, Чардак, Бизнис, Казабланка, Штипска куќа, Верона, Рома, Мал одмор и други. motel_vagoОд кафулињата меѓу познатите се: Сквер, Fashion, Пасса, Версај, Џез - Арт, додека за брза храна се издвојуваат: Хамби, Бамби, Стојанче, гостилница Тасе и други. Ноќна забава нуди дискотеката Кабаре.

Во Штип постојат неколку сместувачки капацитети – хотел Оаза во центарот на градот, мотел ресторан Ваго, хотел Изгрев и хотел Гарни.

 

 

 

 


 


Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize