ЈП Исар

Со одлука на Советот на Општина Штип од 11 март 1997 година сите материјални и нематеријални вложувања од ЈП “Фортуна”се пренесени на ЈП “Исар”. Јавнното претпријатие за комунално-производни и услужни работи „Исар”е основано заради вршење на стопански дејности од комуналната област од јавен интерес, а која е незаменлив услов за живот и работа на граѓаните, правните лица и државните органи на територијата на Општина Штип.

Правна форма: Ј.П. за комунално производни и услужни работи

Дата на основање: 11.03.1997год.

Адреса: ул.”Г.М.Апостолски”бр.37 Штип;Р. Македонија

Тел./факс: +389 32 391 125; +389 32 391 125; +389 32 390 477

Основач: Општина Штип

Директор: Дипл. зем. инг. Никола Мицевски

isar-water_supplyПроизводството и дистрибуцијата на вода и одведувањето на отпадните води во целокупната дејност на ЈП Исар учествува со 71,58%, изнесувањето и депонирањето на отпадоци и чистење на јавно - прометни површини учествува со 18,59%, одржување на зеленило учествува со 3,40%, а останатите дејности со 6,43%. Од вкупно 43.000 жители на градот на водоводната мрежа се приклучени околу 95%, додека на канализационата мрежа се приклучени околу 90%.

Дејности - Водовод и канализација

РЕ Водовод и канализација ги извршува следните дејности од јавен интерес: производство и дистрибуција на вода за пиење и одведување на отпадна вода.

РЕ Водовод и канализација врши редовно снабдување на град Штип и приградските населби Три Чешми и с. Караорман, како и селата Драгоево и Долани.

Одржувањето на овие системи е континуирана активност што ја извршуваат вработените по предходно изработениот план.

Оваа работна единица врши оддржување на постоечката главна и секундарна канализациона мрежа во градот и приградска населба Три Чешми.

РЕ Водовод и канализација извршува и работи кои се сврзани со проектирање, изградба и реконструкција на системот за водоснабдување и на системот за одвод на отпадни води.

Дејности - Комунална хигиена

РЕ Комунална хигиена ги извршува работите од областа на изнесувањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот цврст и технолошки отпад во Општина Штип како и одржувањето на јавната чистота во општина Штип. isar_higiena

- Собирање на отпадот

Собирањето на комуналниот цврст и технолошки отпад ќе се врши во специјални садови и тоа:

- 5 контејнери со запремнина од 1,1м3 распоредени во централното градско подрачје

- 205 контејнери со запремнина од 5м3 распоредени на територијата на град Штип и во индустриската зона

- Канти за смет од 80л распоредени на физичките лица.

- Изнесување на отпадот

Динамиката на изнесувањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот цврст отпад е изготвена во зависност од густината на населението, количината и условите за изнесување на истиот.

Физичкиот обем на задачите е дефиниран преку регистрирањето на стамбените, дворните и индустриските површини како и предвидените превозни средства со кои се извршуваат работите.

Димензионирањето на работната рака е извршено врз основа на просечните норми и преку снимањето на работните дневни задачи и утврдување на норми.

- Депонирање на отпадот

Депонирањето на отпадот се врши на градската депонија за комунален цврст отпад која се наоѓа во месноста Трештена скала. Во согласност со опреативниот план на ЈП Исар - Штип за добивање на А интегрирана еколошка дозвола за 2009 гоина.

Погребална служба

- врши погребни услуги,

- уредување и одржување на гробиштата,

- изградба на надгробни споменици.

Возен парк

Секторот возен парк при ЈП „Исар” - Штип располага со:

• 35 редовно вработени лица

• 11 лица вработени по договор од кои

• 1 раководител

• 3 референти

• 1 одговорен механичар

• 31 возач

• 3 механичари

• 1 електро механичар

• 3 бравари

• 1 перач и

• 2 општи работника.

Пазар и наплатна служба

isar-pazar- Наплата на Пазарните услуги

- Резервација на Продажни места

- Одржување на хигиената на пазарот

- Обезбедување на имотот на Пазарот

- Авто пазар

РЕ Зеленило

ЈП „Исар“ Штип преку РЕ Зеленило и спортски објекти ја извршува дејноста уредување и одржување на паркови, зелени и рекреациони површини и одржување на спортски објекти. isar-park_zelenilo

- Јавни градски паркови, дрвореди, скверови, тревници, цветни површини, излетнички места и приградски пошумени реони и појаси се групирани во 8 реони.

Бања Кежовица со хемиско чистење

РЕ „Бања Кежовица“ во рамките на своите активности ги врши следниве основни дејности:

- обезбедува услови за бањско капење на граѓаните;

- ноќевање и престој на гости во сопствени сместувачки капацитети;

- перење и пеглање на постелини и секаков вид облека;

Во делот за бањско капење бањата располага со женски и машки општ дел со соблекувални и 15 посебни туш кабини.

Сместувачкиот дел располага со 12 соби со вкупнао 32 легла и општа кујна со трпезарија.

Комплексот располага и со сопствена перална и машина за пеглање кои се користат за сопствени потреби.

www.jpisar.com.mk

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

тел. +389 32 391 125

+389 32 391 157

факс. +389 32 392 671

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize