Дома Деловни информации Јавни претпријатија
Јавни претпријатија
ЈП Штип проект - уредување на градежно земјиште

 
ЈП Исар

Со одлука на Советот на Општина Штип од 11 март 1997 година сите материјални и нематеријални вложувања од ЈП “Фортуна”се пренесени на ЈП “Исар”. Јавнното претпријатие за комунално-производни и услужни работи „Исар”е основано заради вршење на стопански дејности од комуналната област од јавен интерес, а која е незаменлив услов за живот и работа на граѓаните, правните лица и државните органи на територијата на Општина Штип.

Правна форма: Ј.П. за комунално производни и услужни работи

Дата на основање: 11.03.1997год.

Адреса: ул.”Г.М.Апостолски”бр.37 Штип;Р. Македонија

Тел./факс: +389 32 391 125; +389 32 391 125; +389 32 390 477

Основач: Општина Штип

Директор: Дипл. зем. инг. Никола Мицевски

isar-water_supplyПроизводството и дистрибуцијата на вода и одведувањето на отпадните води во целокупната дејност на ЈП Исар учествува со 71,58%, изнесувањето и депонирањето на отпадоци и чистење на јавно - прометни површини учествува со 18,59%, одржување на зеленило учествува со 3,40%, а останатите дејности со 6,43%. Од вкупно 43.000 жители на градот на водоводната мрежа се приклучени околу 95%, додека на канализационата мрежа се приклучени околу 90%.

Дејности - Водовод и канализација

РЕ Водовод и канализација ги извршува следните дејности од јавен интерес: производство и дистрибуција на вода за пиење и одведување на отпадна вода.

РЕ Водовод и канализација врши редовно снабдување на град Штип и приградските населби Три Чешми и с. Караорман, како и селата Драгоево и Долани.

Одржувањето на овие системи е континуирана активност што ја извршуваат вработените по предходно изработениот план.

Оваа работна единица врши оддржување на постоечката главна и секундарна канализациона мрежа во градот и приградска населба Три Чешми.

РЕ Водовод и канализација извршува и работи кои се сврзани со проектирање, изградба и реконструкција на системот за водоснабдување и на системот за одвод на отпадни води.

Повеќе...
 
ЈП Штип Проект

Ј.П. за урбанизам, уредување на градежно земјиште "Штип - Проект" - Штип е основано од страна на Советот на општина Штип на 11.03.1998 година, а практично почнува да функионира и работи од 09.05.1998 година.

 

Ј.П."Штип Прокет" - Штип работи како правно лице од посебен општествен интерес за општина Штип во чиј состав се следниве работни единици:

 
 
  • работна единица за урбанизам
  • работна единица за геодезија
  • работна единица за уредување на градежно земјиште
  • работна единица за одржување сообракајници
  • финансиско - материјална служба
  • правна служба


Ј.П. "Штип Проект" ги врши следниве дејности:
stip-proekt_ulici_resize

  • изработување на урбанистички план за општина Штип, изготвување на техничка документација во врска со реализацијата на урбанистичките планови и геодетски работи во врска со урбанистичките планови, урбанистичко планирање и реализација;
  • уредување на градежно земјиште;
  • уредување и одржување на улици и сообраќајници;
  • останати неспомнати комунални дејности.

Финансирањето на основните дејности (уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на улици и сообраќајници, останати неспоменати комунални дејности) се врши од собраните средства од надоместок за уредување на градежно земјиште, дел од распределени средства од општински фонд за патишта и улици и од други услуги извршени за правни и физички лица.

Финансирањето на урбанистичките планови се врши од Општинскиот буџет, и од други приходи остварени преку вршење на услуги на граѓани и останати правни лица.
Вработените во ЈП Штип - Проект, како надлежни за спроведување на Програмата за уредување на градежно земјиште својата активност ја насочуваат кон спроведување на програмата која представува обврска на ЈП.

Извршувањето на задачите опфатени со програмата преставуваат континуиран процес кој се одвива перманентно создавајќи процеси и можности за реализација на програмските задачи.

 

Повеќе...
 


Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize