Дома Архива
Почна инсталацијата на новата опрема во филтер станицата во Штип

nova-oprema-filter-stanica-31122013-1Денес започна со имплементација на нова фаза во проектот за адаптација на филтер станицата во Штип, за прифаќање на површинските води. Како што напомена директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски, онака како што беше ветено, до крајот на оваа 2013 година, завршува адаптацијата на објектот, што подразбира комплетна подготовка на прифатните базени за водата и покривање на истите со нова кровна конструкција:

- Од денес започнуваме да ги поставувамеnova-oprema-filter-stanica-31122013-2 и новите машини а паралалено течат и работите за покривање на базените за вода. Ако временските услови го дозволат тоа, до крајот на мај, предвидено е да се заврши сета оваа постапка по што ќе следи период на тестирање на инсталираната опрема. Ако се биде во ред, во првата половина на 2014 година, онака како што ветивме, Штип ќе добие вода од ХС „Злетовица“ - напомена Мицевски.

nova-oprema-filter-stanica-31122013-3Штип се снабдува со вода за пиење преку бунарски систем а бидејќи филтер станицата не беше во можност технички да ја прими водата од ХС „Злетовица“ се пристапи кон преадаптација со средства од јапонската банка Џајка. Поддршка во проектот со донација дава и Владата на Словенија. Со преадаптацијата на филтер станицата, Штип добива уште еден извор на вода за пиење и воедно го решава проблемот со вода за пиење на штипјани за наредните 100 години.  Увид во активностите денес имаше и градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев.

 

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Јуни 2017
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize