Дома Архива
Признанија за штипските училишта за остварените успеси на натпревари

priznanija-ucilista-27122013-1Општина Штип денес им додели признанија на осум училишта од градот, кои во текот на оваа година имаат значителни успеси. Пет основни и три средни училишта добија признание за остварените успеси, на бројни општински, регионални или републички натпреварувања, независно од областа или предметот:

- Наша цел е да ги мотивираме и останатите ученици и овој мал прием и доделувањето на ова признание е еден вид на наша благодарност за вашите остварени успеси. Тоа е и начин како да ги мотивираме сите други, и оние кои учат со вас, но и оние кои допрва ќе бидат основци или средношколци дека успехот е само во науката и образованието. Тоа е столбот на нашето општество - изјави Јовче Арсов, општински просветен инспектор.

Признанијата ги врачи Снежана Санева, раководител на одделението за поддршка на градоначалникот:

- Кога ќе се види оваа priznanija-ucilista-27122013-2импозантна бројка од ученици кои добиле награди, тогаш со сигурност може да се заклучи дека нашите училишта и нашиот град се расадник на таленти, на едуцирани ученици кои имаат знаење за освојување на важни награди. Ви честитам за сите успеси и се надевам дека тоа ќе биде мотив идната година не само да ги повторите, туку и да ги надминете годинашниве успеси.

Секој од директорите на училиштата ги претстави најважните настани и награди кога се во прашање освоените признанија, при што Штип може да се пофали што има голем број на талентирани ученици во областа на математиката, па дури и учесник на математичката олимпијада во Кина. 

 

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize