Дома Архива
Пуштено детско игралиште на улица Косовска во Штип

detsko-igraliste-ulica-Kosovska-27122013-1Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев и Министерот без ресор, Неждет Мустафа, во присуство на претставник од ОБСЕ, денеска го пуштија во употреба детското игралиште на улица „Косовска“. Игралиштето е на улицата која пред неколку месеци беше асфалтирана.

- Со овој наш проект, потврдуваме дека сме сериозни во намерата да направиме спортски и детски игралишта во секоја урбана заедница. Наша задача е секаде каде што постојат услови за конструкција на спортски терени, за поставување на лулашки или за изградба на паркови, тоа да го направиме. Овде има дечиња од Ромската заедница и мислам дека ќе се радуваат што ќе имаат можност на убав начин да ги поминуваат своите детски денови - изјави градоначалникот Захариев.

За Министерот Мустафа, ова е потврда за тоа дека се работи со дела а не со зборови:

- Јас сум многу повеќе за тоа, detsko-igraliste-ulica-Kosovska-27122013-2наместо конференции, дебати и работилници, да трошиме пари за вакви работи, за конкретни проекти кои оставаат траги и секако се од голема помош за сите граѓани. Во случајов, ова е прекрасен спортски центар кој сум сигурен дека ќе биде корисен за децата.

Според градоначалникот Захариев, Општина Штип работи на проект со Владата на Р.М за конструкција на станбена зграда каде ќе се сместат Ромски семејства кои немаат кров над глава, или да се дислоцираат од објекти и времени бараки кои не нудат услови за живот. И не само Ромски семејства, туку и други категории на граѓани од сите националности кои имаат потреба од дом.

detsko-igraliste-ulica-Kosovska-27122013-3- Да кажам и дека сме во контакт со невладина организација од Германија, за донација на 15 објекти, индивидуални објекти за семејства, со што значително ќе се помогне на оваа категорија на граѓани.

Градоначалникот Захариев упати апел до жителите на улицата да се грижат за детското игралиште и за лулашките, бидејќи само така ќе можат да се радуваат подолго на она што е направено за нив.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize