Дома Архива
Усвоен буџетот на Општина Штип за 2014-та

Opstina-rasprava1Советот на oпштина Штип, на вчерашната 12-та седница, со единаесет гласа „За“ го усвои предлог-буџетот на општината за 2014 година. Буџетот за 2014 година изнесува 866.949.780 денари што изразено во проценти значи покачувањеод 3% во однос на ланскиот.

Според Трајче Цветков, раководител на одделението за финансии при Општина Штип, зголемувањето на буџетот се должи на порастот на основниот буџет на општината што во однос на основниот буџет за 2013 бележи пораст од 31 %, од кој најголемиот дел отпаѓаат на капитални инвестиции.

- Најголемо покачување на буџетот за 2014 година е предвидено во делот на капитални инвестиции, кои зафаќаат 49 % буџетот. Во оваа ставка се предвидени 90 милиони денари за изградба на повеќе локални патишта, 60 милиони за реконструкција на дотраените улици во градот, 36 милиони за проширување и обнова на улиците „Вардарска“, „Христијан Карпош“ и „Вита Поп Јорданова“ и 11 милиони за реконструкција на водоводната мрежа“ - изјави Цветков.

Според искажаното, буџетот на општината е резултат на строги проекции кои имаат за цел да воспостават баланс помеѓу приходите и расходоите за да се избегнат стапиците од нереализирање на средства и опции за ребаланс. Од друга страна, амбициозна и остварлива е програмата за инвестиции во капитални проекти, бидејќи претходно споменатите улици, со години беа во програмите за работа, но тешко се реализираа. Со реконструкцијата на улиците „Христијан Карпош“ и „Вита Поп Јорданова“, старата коцка ќе биде заменета со асфалт со што центарот на градот ќе биде со реконструирани главни улици.

 

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize