Дома Архива
Градоначалникот Захариев, подели 40 прехранбени пакети на семејства на стечајци

prehranbeni-paketi-stecajci-25122013-1Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, денес подели над 40 прехранбени пакети за над 40 семејства на стечајци. Во холот на општинската зграда, тој денес им ги предаде пакетите во пресрет на празниците:

- Ова станува традиционална активност и општината веќе неколку пати додели помош за семејствата на стечајците. Празниците се време кога секој треба да има нешто повеќе, кога тие што имаат треба да споделат со тие што немаат, со посиромашните. Затоа и ние во пресрет на празниците, на Нова година и Божиќ, им доделуваме прехранбени пакети на стечајците, и мислам дека тие ќе им помогнат подостоинствено да ги поминат празниците. Пакетите се донација од нашиот партнер и пријател „Кам маркети“ за што изразувам голема благодарност, што ете ни помогна и овој пат, да споделиме радост во нечиј дом.

Завчера градоначалникот Захариев подели прехранбени пакети за работниците во коритото на Отиња и пакетчиња за децата од градинките кои беа во негова посета. Според Захариев, поддршката за стечајците ќе продолжи и понатаму и тоа не само на празници, туку секогаш кога ќе има шанса за такво нешто.

prehranbeni-paketi-stecajci-25122013-2prehranbeni-paketi-stecajci-25122013-3

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize