Дома Архива
Градоначалникот на Штип на предновогодишни средби со ученици од ОУ Ванчо Прке и детските градинки

sredbi-so-ucenici-24122013-1Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, денес беше домаќин на учениците од ОУ „Ванчо Прке“. Средбата е по повод новогодишните и Божиќните празници, при што тој им подари новогодишни пакетчиња. Учениците оддржаа и мала приредба, со што пријатно го изненадија градоначалникот. Тој им вети нови активности во идната 2014 година, повеќе паркови и игралишта за да можат детските и ученичките денови да ги минуваат на убави мести:

- Посакувам да учите што повеќе, да имате одлични оценки, бидејќи образованието, учењето од вас може да направи успешни луѓе. Посакувам дел од вас да бидат доктори, фармацевти, пилоти, па и идни градоначалници или претседатели - изјави Захариев.

Веднаш потоа, во големата сала sredbi-so-ucenici-24122013-2на Советот, тој беше домаќин на децата од двете штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Тие оддржаа мала приредба во знак на Нова година, при што му врачија пригодни подароци. И градоначалникот Захариев возврати со новогодишни пакетчиња. Градоначалникот го посети и семејството Горгиеви во штипската населба Баби, кое неодамна доби четврто дете. На сите дечиња, вклучително и на малиот Петар тој им врачи пакетчиња а на мајката пакети со хигиенски работи како и прехранбени продукти.

- Овие домаќини се светол пример кој секој штипјанец и македонец треба да го следи. Со повеќе деца дома е поубаво, има повеќе радост, среќа, а децата се благодет и најголемо богатство на светот. Нивната храброст треба да ја следи секој млад брачен пар - изјави по средбата градоначалникот Захариев.

Тој воедно најави континуирана поддршка за семејството во секој поглед и не само за празници, туку секогаш кога постои потреба за безгржно одгледување на нивните четири деца.

sredbi-so-ucenici-24122013-3sredbi-so-ucenici-24122013-4sredbi-so-ucenici-24122013-5sredbi-so-ucenici-24122013-6sredbi-so-ucenici-24122013-7sredbi-so-ucenici-24122013-8

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Април 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize