Дома Архива
Градоначалникот со донации за дневниот центар за деца со посебни потреби во Штип

dneven-centar-posebni-potrebi-24122013-1Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев денес беше во посета на дневниот центар за деца со посебни потреби кој се наоѓа на влезот во Ново Село. Штитениците на дневниот центар добија новогодишни пакетчиња и нова подна подлога, која треба да ја замени старата и дотраена. Градоначалникот Захариев, вети континуирана поддршка за овие деца:

- Посакувам тука да има што помалку работа и вработените да ги плаќа општината, бидејќи тоа ќе значи дека во Штип има се повеќе здрави деца. Природата знае да биде дарежлива но знае и да одземе. За жал, тоа го имало и ќе го има. Но токму кога им помагаме на овие деца, најдобро покажуваме колку човечност постои во нас и колку навистина се грижиме едни за други. Јас ветив постојана поддршка за овој центар и тоа го правам секогаш кога можам. Посакувам и други родители да дојдат, да поминат еден ден со ови деца, и да ја почуствуваат топлината и љубовта која вработените ја даваат на овие деца.

Освен ова, граѓанското здружение „Цивитас“ кое за Денот на градот оддржа хуманитарен концерт, средствата кои беа собрани од влезници и од донации ги искористија за купување на нов телевизор, бидејќи стариот веќе не работи. Вработените се заблагодарија на подароци и го поддржаа апелот на градоначалникот, за посета на сите родители и штипјани на дневниот центар за деца со посебни потреби, со што ќе имаат можност да ги направат среќни овие деца а со секоја донација несебично да помагнат во опремување на центарот.

dneven-centar-posebni-potrebi-24122013-2dneven-centar-posebni-potrebi-24122013-3

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize