Дома Архива
Д-р Срѓан Керим го доби Орденот „Свети Никола“ од градоначалникот на Штип, Захариев

sv-nikola-den-na-gradot-19122013-1На свечена академија, градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев денес во Штип му го врачи Орденот „Свети Никола“ на д-р Срѓан Керим. Орденот се доделува по повод денот на градот, 19.ти декември или Патронот на Штип, Свети Никола:

- Овој познат дипломат е единствениот штипски глас кој одекнал во Обединетите Нации и е гордост за Штип. Имам особена чест што имам можност да го доделам орденот токму на д-р Керим. Тој е човек кој се родил во Штип, кој чекорел по штипските улици и човек чиј татко оставил голема трага како претседател на тогашното собрание. Драго ми е што д-р Керим се разви во голем дипломат од светска кариера и што не го заборави Штип - изјави градоначалникот Захариев.

Д-р Керим, по добивањето на Орденот „Свети Никола“ се заблагодари, напоменувајќи дека секогаш се чуствува горд што е штипјанец и што потекнува токму од овој град:

- Ние сме денес овде sv-nikola-den-na-gradot-19122013-2на еден голем празник, Свети Никола, кој е Патрон и заштитиник на градот. Никој не бара од нас да бидеме светци. Доволно е само да ги следиме нивните примери за да бидеме повеќе вистинољубиви, чесни и да им помагаме на другите. Штип не е папокот на светот, но со папочна врска успеал да се поврзе со сиот свет и многу ми е мило кога гледам како мојот Штип се развива и расне. Ви благодарам што ми ја укажавте честа да бидам добитник на орденот „Свети никола“, верувајте чест е да се носи на гради, бидеји возбудата која ја имам, можам овде да ја споделам со сите вас.

sv-nikola-den-na-gradot-19122013-3Освен орденот, признанија „19.ти декември“ добија уште петмина штипјани: Жикица Ивановски, Михаил Василев, Петре Чурлиновски и постхумно професорката Коцка Димиторва и Христо Крстевски. На церемонијата со која раководеше Претседателот на Советот, д-р Влатко Миташев, учествуваа видни штипјани, меѓу кои и Владиката Иларион, во чија надлежност е Брегалничката Епархија. Тој претходно заедно со градоначалникот, на градскиот плоштад го скрши празничниот колач и оддржа празнична беседа:

- Посакувам како што Свети Никола sv-nikola-den-na-gradot-19122013-4го разделил своето богатство на сиромашните, со гладните, со ние кои немаат, и ние да бидеме посветени повеќе на другите. Да им дадеме на оние кои немаат и кои имаат потреба од тоа. Ова се тешки времиња, кога лукавиот со измама сака да ни наштети и како нација и како држава и ние мораме да бидеме заедно за да опстоиме на нашите вековни огништа. Тоа е една од основните мисии на нашата Света Црква - изјави Владиката Иларион.

Сличен став изрази и градоначалникот Захариев:

- И благодарам на нашата Света Македонска Православна црква која е темел за зачувување на нашата вера и нација. Јас како градоначалник, со моите соработници, работиме напорно да го разубавиме и развиеме Штип и на тоа ќе опстоиме. Но нашата вера и традиција, втемелена со поколенија е една од основните причини за нашиот опстој, без која ниту ние денес немаше да твориме. Сакам да им го честитам именденот на сите кои на денешен ден го одбележуваат Свети Никола и да им посакам здравје, среќа и успех.

Свечената беседа ја проследија неколку илјади граѓани на градскиот плоштад „Слобода“. Чествувањето на „Свети Никола“ како патрон на Штип и Ден на градот се одбележува по петти пат, од воведувањето во 2009 година.

sv-nikola-den-na-gradot-19122013-5sv-nikola-den-na-gradot-19122013-6sv-nikola-den-na-gradot-19122013-7sv-nikola-den-na-gradot-19122013-8sv-nikola-den-na-gradot-19122013-9sv-nikola-den-na-gradot-19122013-10sv-nikola-den-na-gradot-19122013-11sv-nikola-den-na-gradot-19122013-12sv-nikola-den-na-gradot-19122013-13sv-nikola-den-na-gradot-19122013-14sv-nikola-den-na-gradot-19122013-15sv-nikola-den-na-gradot-19122013-16sv-nikola-den-na-gradot-19122013-17sv-nikola-den-na-gradot-19122013-18sv-nikola-den-na-gradot-19122013-19sv-nikola-den-na-gradot-19122013-20sv-nikola-den-na-gradot-19122013-21sv-nikola-den-na-gradot-19122013-22sv-nikola-den-na-gradot-19122013-23sv-nikola-den-na-gradot-19122013-24sv-nikola-den-na-gradot-19122013-25

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Август 2017
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize