Дома Архива
Доделени сертификатите од обуката за комуникациски вештини во Штип

sertifikati-obuka-komunikaciski-vestini-16122013-1Денес во Општина Штип беа доделени сертификатите од обуката за комуникациски вештини кои заеднички во текот на минатиот викенд ја спроведоа веб сајтот “vostip.mk” заедно со Општина Штип и Си-Комуникации (Si communication) . Предавач на оваа обука беше Синиша Пекевски (консултант за маркетинг и односи со јавност).

Сертификатите на учесниците, во име на градоначалникот ги додели Снежана Санева-шеф на кабинетот на градоначалникот:

- Ваквите обуки sertifikati-obuka-komunikaciski-vestini-16122013-2можат да бидат само корисни и секогаш кога е во прашање едукацијата, ние како општина редовно ќе ги поддржуваме ваквите проекти. Овие сознанија ќе бидат користени во секојдневните контакти а знаејќи ја моќта на говорот и телото, успешната комуникација може да биде некогаш и најважниот елемент за секој човек - изјави Санева.

Учесниците од локалната администрација се задоволни од обуката и од она што го стекнале како почетно знаење:

sertifikati-obuka-komunikaciski-vestini-16122013-3- Сметам дека обуката беше корисна и многу важна, посебно за нас од администрацијата во локалната самоуправа. Ние секојдневно работиме со граѓани, излегуваме и со соопшштенија и изјави преку медиумите и мислам дека со оваа обука имавме можност да добиеме соодветни знаења за поуспешна комуникација со граѓаните и со јавноста. Пожелно е да се продлабочуваат знаењата бидејќи стекнуваме самодоверба, остваруваме успешна комуникација со граѓаните со цел решавање на нивните проблеми - изјави Ана Десподовска од Општина Штип.

Виктор Димитров од веб порталот "vostip.mk", како коорганизатор изјави:

- Имавме ваква идеја, да направиме нешто добро за младите луѓе кои сакаат да се здобијат со вештини и знаења од областа на комуникациите. Градоначалникот и општината ни излегоа во пресрет, им се допадна идејата и истата ја реализиравме успешно за време на овој викенд. Сосема сум сигурен дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму.

На обуката учествуваа околу 30-тина учесици од кои дел од администрацијата на локалната самоуправа, студенти, средношколци и граѓани од различни профили.

sertifikati-obuka-komunikaciski-vestini-16122013-4sertifikati-obuka-komunikaciski-vestini-16122013-5sertifikati-obuka-komunikaciski-vestini-16122013-6sertifikati-obuka-komunikaciski-vestini-16122013-7

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Август 2017
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize