Дома Архива
Осветлен и новогодишно украсен уредениот дел на коритото на Отиња во Штип

ukraseno-koritoto-na-otinja-16122013Општина Штип го заврши уредувањето на дел од коритото на р.Отиња во должина од околу 200 метри. Каменото корито е утврдено со камен, хортикултурно целиот овој дел помеѓу мостот кај Стопанска банка и камениот мост е завршено, а за време на викендот поставени се и рефлектори со што истото доби соодветна илуминација.

Со нив се овозможи светлост во утврденото корито и подобра визулена глетка, посебно во вечерните часови. Според одговорниот на проектот, Ане Бојаџиев, во овој дел на коритото се поставени шест рефлектори, однос по три рефлектори на секоја страна. Планот на градоначалникот на Штип е да се продолжи со уредувањето на коритото на Отиња се додека тоа го овозможуваат временските прилики. Тоа значи дека штом официјално завршат активностите на овој дел, се пристапува кон уредување на следен семент од коритото и тоа, помеѓу камениот мост и мостото кај гимназијата.

Предвидена е илуминација и на овој дел од Отиња. Како што ќе се реализира каменото корито, така ќе бидат поставувани и рефлектори за да се овозможи илуминација на уредениот простор. Исто така, за време на викендот се вршеше украсување на градот по повод Денот на градот, 19-ти декември (Свети Никола), Нова година и Божиќ, а меѓу другото украсени се и дрвата кои беа засадени во коритото.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize