Дома Архива
Општината и конфекциите дебатираа како да го вратат интересот за средното текстилно училиште во Штип

debata-sredno-tekstilno-uciliste-11122013-1Општина Штип во соработка со Министерството за образование организираше работна средба. Средбата се оддржа во Општина Штип. Тема на работната средба беше „Зајакнување на релациите и соработка помеѓу стручното образование и компаниите - текстилната струка“ со посебен акцент на изведување на практичната настава во текстилните компании. На средбата учествуваше и претставник на Министерството за образование, со цел презентација на видувања за решавање на проблемот.

Средбата беше со цел да се детектираа debata-sredno-tekstilno-uciliste-11122013-2проблемите во образованието во текстилната струка, имајќи во предвид дека во последните десет години евидентно е намалувањето на бројот на ученици и речиси не постои интерес за текстилно образование. Како времена мерка беа воведени и одредени нови струки и насоки, кои се потребни на текстилниот сектор во Штип, но и тоа не го врати интересот за школување.

Градоначалникот на Штип најави стипендирање за 20 ученици на месечна основа, што би било стимул и за други заинтересирани, а ќе се настојува во разговори со сопствениците на текстилните конфекции во Штип, кои ги има над 60, да се обезбеди конкретен кадар за одредени процеси. Сепак, и покрај тоа што соптвениците на текстилните фабрики во јавноста излегуваат со ставови дека имаат недостаток од работна рака, минорен дел од нив присуствуваа на вчерашната средба. Оние кои беа, изразија поддршка за обнова на интересот за средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип, од каде своевремено двете најголеми текстилни фабрики во Штип, „Астибо“ и „Македонка“ регрутираа работна сила.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Август 2017
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize