Дома Архива
Регионална работилница за превенција на малолетници во Штип

maloletnicko-prestapnistvo-11122013-1Денес во Општина Штип се оддржи регионална работилница на тема: „Превенција на малолетничко престапништво“. Настанот беше во организација на државниот совет за превенција на малолетничко престапништво. На неа и покрај поканата за учество на градоначалниците од регионот, учествуваше само домаќинот, градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев.

- Ова е трета средба којаmaloletnicko-prestapnistvo-11122013-2 се случува во Штип, по средбите во Скопје и Кавадарци. Нашата цел е поблиску да ги претставиме законските аспекти на превенцијата на малолетничкото престапнишптво низ сите региони и едукативн да дејствуваме. По претходните две средби, искуствата се големи а ефектите се чуствуваат и затоа нашата цел е да продолжиме со ваквите регионални средби - изјави Владимир Ортаковски, претседател на државниот совет за превенција на малолетничко престапништво.

Градоначалникот на Штип, како домаќин, ги поздрави присутните од повеќе ресори на општествениот живот од регионот, напоменувајќи дека превенцијата е клучот за успешна борба против сите зла на денешницата:

maloletnicko-prestapnistvo-11122013-3- Ова е време кога мајките немаат повеќе толку време како порано цел ден да бидат со своите деца. Денес тие имаат успешни кариери, многу работни обврски и практично секое семејство во денешното динамично време на живеење, нема доволно време да посвети на развојот на децата. Ова е особено важно во годините кога децата созреваат и се под влијанија на различни структури. Денес е време кога пороците на живот се длабоко навлезени меѓу младите. Алкохолизмот е присутен а најстрашна е распространетоста на употребата на дрога. Заради ова, превенцијата е шанса да им укажеме на децата кој е вистинскиот избор, да ги насочиме и да им укажеме на штетите кои се случуваат со погрешните избори, со цел да го изберат вистинскиот пат - напомена градоначалникот Захариев.

На средбата учествуваа и ученици од две средни училишта во Штип, гимназијата „Славчо Стојменски“ и средното медицинско училиште „Јане Сандански“, како и претставници на одделот за превенција при СВР-Штип и претставници на судските органи во Штип.

maloletnicko-prestapnistvo-11122013-4maloletnicko-prestapnistvo-11122013-5

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize