Дома Администрирање на приходи
Одделение за администрирање на приходи
Одложено плаќање на данокот на имот

По поднесено барање на даночниот обврзник, Градоначалникот може да го одложи извршувањето на Решението, односно да дозволи одложено плаќање на обврските или плаќање на рати до донесување решение по жалба, под услов ако даночниот обврзник приложи банкарска гаранција, ако уплати готовински депозит или обезбеди друг инструмент за осигурување на плаќањето.

Одложеното даночно плаќање се однесува на даночна обврска поголема од 10,000.00 денари.

Плаќањето на даночната обврска може да се одобри на 12 месечни рати.

 
Данок на имот
FLAER DANOK NA IMOT
 
Броеви на сметки за уплата на данок на имот, данок на промет
uplatnica_1uplatnica_2
 
Издавање на финансиски картици на даночни обврзници

Центар за услуги на граѓаните – шалтер бр. 5

На барање на лицето се издава картица за задолжение и уплати по сите видови даноци.

Рок на издавање на актот - веднаш.

 
Надлежности на одделението за администрирање на приходи

Одделението за администрирање на приходи ги врши следните работи:

  • утврдување на даноците, таксите и надоместоците кои се приход на општината;
  • утврдување наплатата на данок на подарок и наследство на имот;
  • утврдување на пазарна вредност на недвижностите во општината;
  • водење регистар на недвижен имот;
  • изготвување решенија за даночно ослободување;
  • други работи врз основа на Законот за данок на имот, Законот за комунални такси и надоместоци и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината.
 
Формулари

 
Решенија за поврат на погрешно уплатени средства за данок на имот, данок на промет и комунални такси

Канцеларија за архивско работење

Се пополнува  Барање  за враќање на повеќе или погрешно  уплатен долг (готов образец од општината ) со:

  1. Доказ за уплатени  средства (оригинал уплатница пп-50),
  2. Трансакциона сметка на која треба да се вратат средствата.

Рок за донесување на актот 30 дена по приемот на комплетната документација.

 
Решение за одложување на извршувањето

Канцеларија за архивско работење

Се пополнува  Барање за одложување на извршувањето (готов образец од општината ) со:

  1. Банкарска гаранција или,
  2. Доказ за уплатен готовински депозит на посебна депозитна    сметка или
  3. Друг документ за обезбедување на плаќањето.

Рок за донесување на актот 15 дена по поднесувањето на комплетната документација.

 
Прием на странки и издавање на уплатници по сите видови такси и даноци

Центар за услуги на граѓаните – шалтер бр. 4 и 5

Врз основа на издадено Решение со кое лицето се задолжува со данок, на барање на странката се издава уплатница.

Рок на издавање - веднаш.

 
Прием на жалби и нивно решавање од областа на сите даноци

Центар за услуги на граѓаните – шалтер бр. 1

Се поднесува жалба по основа на конкретно задолжување по основа на данок со:

  1. Решение за данок,
  2. Доказ – документ во зависност од предметот на што се однесува приговорот.

Рок за донесување на актот 30 дена по приемот на комплетната документација.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 1 од 3

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Октомври 2017
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize