Дома Настани Романскиот амбасадор во посета на Штип
Романскиот амбасадор во посета на Штип
Вторник, 21 Февруари 2012 13:10

romanski-ambasador-21022012-1Романскиот амбасадор Јустинијан Фокша денес престојуваше во посета на Штип.

Амбасадорот Фокша оствари средба со градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов во неговиот кабинет во Општина Штип.

Ново-именуваниот романски амбасадор имаше за цел да се запознае со Штип како центар на источна Македонија а се разговараше за продлабочување на соработката. Беа претставени економските потенцијали на градот, како и културно-историските факти.

- Штип е Универзитетски градromanski-ambasador-21022012-2 и овде гледаме одлична можност за соработка. Ние имаме пријателски врски со Романија, што значи дека имаме мноштво полиња на кои можеме да соработуваме – изјави по средбата градоначалникот Алексов.

Романскиот Амбасадор е задоволен од посетата и вели дека добил многу информации за Штип, за градот на Универзитетот „Гоце Делчев“, на текстилната индустрија и друго:

romanski-ambasador-21022012-3- Ја поддржувам идејата на градоначалникот, да најдеме град во Романија кој е Универзитетски центар и на тој начин да воспоставиме подлабока соработка. Како што е познато, ние имаме два конзулата во Македонија а во моментов работиме на идејата да се отвори почесен конзулат на Романија во Штип. Кога тој ќе биде отворен, ќе се отворат и можности за дополнително економско, образовно и културно поврзување – изјави амбасадорот Фукша.

Ова е прва официјална посета на романскиот Амбасадор Јустинијан Фукша на град Штип.

romanski-ambasador-21022012-4romanski-ambasador-21022012-5

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
10°C 21°C 26°C
Чет Пет Саб

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер