Дома Настани Општина Штип кандидат за бизнис пријателски сертификат
Општина Штип кандидат за бизнис пријателски сертификат
Вторник, 07 Февруари 2012 13:20
opstina-stip-kandidat-za-biznis-prijatelski-sertifikat-07022012-1ЗЕЛС  во соработка со НАЛЕД (Германско друштво за општетсвена соработка-Отворени регионални фондови) отпочнаа со реализација на заедничкиот проект: Бизнис пријателска сертификација – Меѓународен печат за квалитет за бизнис пријателски заедници.

Проектот предвидува сертификација на општините, процес во кој тие ќе бидат поддржани во подобрување на услугите и градење на капацитети за локален економски развој. Во проектот покрај Штип се вклучени уштенеколку општини.

- Располагањето со сертификатopstina-stip-kandidat-za-biznis-prijatelski-sertifikat-07022012-2 значи дека општините располагаат со одредени стандарди што ќе биде дополнителен мотив за странски нинвеститори да добијат услуги и информации со што им се олеснува дејноста во која инвестираат во дадената општина – изјави Ханс Естерман, развоен менаџер на НАЛЕД кој дене симаше средба со градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.

opstina-stip-kandidat-za-biznis-prijatelski-sertifikat-07022012-3- Потребно е да се исполнат 12 критериуми и околу 80 поткритериуми. Но ако се видат главните критериуми, ќе се види дека Штип веќе исполнува над 80% од нив. Остануват само детали кои во следните 6 до 18 месеци ние ќе ги исполниме и ќе можеме да го добиеме тој сертификат – изјави градоначалникот Алексов.

Штип веќе располага opstina-stip-kandidat-za-biznis-prijatelski-sertifikat-07022012-4со кредитен рејтинг, што е еден од критериумите, исто така и со стратегија за Локален економски развој, канцеларија на Одделение за локален економски развој, што исто така се дел од 12-те критериуми. Сега ќе следи креирање на економски совет, во кој ќе се воспостави комуникација со бизнис заедницата за решавање на заеднички проблеми и за поддршка на бизнис секторот.
 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
10°C 21°C 26°C
Чет Пет Саб

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер