Home Public calls ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗГРАДБА НА СРЦ СУИТЛАК ВО ШТИП
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗГРАДБА НА СРЦ СУИТЛАК ВО ШТИП
Monday, 11 March 2019 15:59
There are no translations available.

               Во врска со член 15 од Статутот на Општината Штип, Градоначалникот на Општината Штип на ден 11.03.2019, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗГРАДБА

НА СРЦ СУИТЛАК ВО ШТИП

 

               Во рамките на своите надлежности, Општината Штип се грижи за промовирање на спортот и рекреацијата на своите граѓани, во смисла на развојот на масовниот спорт и рекреативните активности со организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт и поддршка на спортските сојузи.

 

                Во исто време, со изградба на спортски објекти се поттикнува и локалниот економски развој во смисла на давањето поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекс промовирањето на партнерството со локалните фирми.

 

                Во смисла на ова, Општината Штип има изработено проектна документациај за изградба на нови спортски терени во СРЦ Суитлак кои се состојат од:

  1. 1.Фудбалски терен
  2. 2.Детски игралишта
  3. 3.Угостителски објекти и
  4. 4.Мали сместувачки капацитети.

 

               Заради реализација на овој проект, Општината Штип ги повикува сите физички и правни лица од Општината Штип доколку се заинтересирани и спремни да учествуваат во реализација на овој спортско-рекреативен центар, својот интерес писмено да го пријават во Општината Штип најдоцна до 10.04.2019 година.

 

                Исто така, Општината Штип ги информира заинтересираните потенцијални учесници во заедничката изградба на СРЦ Суитлак, да присуствуваат на јавната презентација на проектната документација што ќе се одржи на 20.03.2019 година (среда) во Сала 2 на Општината Штип со почеток во 12,00 часот.

1 resize

2 resize

Prizemje

SRC Suitlak

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

March 2019
M T W T F S S
25 26 27 28 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize