Home Events Днација на вода и свежо овошје
Днација на вода и свежо овошје
Wednesday, 06 January 2021 15:28
There are no translations available.

Donacija-ovosje-01Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов, со донација на вода и свежо овошје се вклучи во одбележувањето на Божикните празници во организација на ,,Бадникови поворки".
За таа цел, денес заедно со претставници од ,,Бадникови поворки", градоначалникот со хуманиот гест уште еднаш ја искажа личната поддршка кон своите колеги - медицинскиот персонал од Инфективното одделение во Штип, а упати и желби за подобро здравје на сите пациенти.

Од страна на претставниците на ,,Бадникови поворки" беа предадени Божикните честитки за персоналот и пациентите во Ковид - центарот во Штип во знак почит и можност за честитање на Божикните празници. Заедно со честитките, од страна на ,,Бадникови поворки" се доставија Donacija-ovosje-02и Бадникови колачиња, како и вода и овошје, обезбедени во соработка со приватниот сектор.

Инаку, Божикните честитки се собираа на Пунктот за Божикни честитки во дворот на Црквата ,,Св. Никола" во Штип. Во акцијата за собирање на честитките се вклучија многу деца, возрасни, здруженија, установи и формални и неформални групи граѓани.
Ова е четврта година по ред како Здружението ,,Бадникови поворки" во соработка со Брегалничката епархија и со поддршка на Општина Штип реализира активности по повод Божикните празници
.

 Donacija-ovosje-03Donacija-ovosje-04Donacija-ovosje-05Donacija-ovosje-06

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

January 2021
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize