Home Events Средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија
Средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија
Tuesday, 11 August 2020 15:14
There are no translations available.

Ambasador-BiH-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски остварни средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јачимович.

Ова е прва официјална посета на Амбасадорот Јачимович во Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна огромна благодарност за денешната средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, односно во Штип.

„Чест ми е што денеска остварив средба со амбасадорот Јачимович кој е на прва официјална средба во Штип. Ја посетивме спомен собата на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, а исто така ќе го посетиме и Народниот музеј каде Амбасадорот ќе има можност да се запознае со знаменитостите за Штип,“ истакна Бочварски во изјавата за медиумите.

„Ова е моја прва официјална посета во Штип, каде имав можност да разговарам со градоначалникот за зближување на народите и јакнење на економијата во двете држави. Особено сум благодарен што имав можност да ја посетам спомен собата на првиот претседател Глигоров и за поздравување е тоа што ги цените неговите и делата на сите оние кои имале историска улога во државата,“ истакна Амбасадорот Јачимович.

Ова е уште една од многуте посети на Амбасадори и претставници на останатите држави, Општина Штип ќе продолжи да гради добри односи со соседните држави и градови.

Ambasador-BiH-02

Ambasador-BiH-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

September 2020
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize