Home Events Oнлајн состанок со претставници од Гласен Текстилец и Хелсиншки комитет
Oнлајн состанок со претставници од Гласен Текстилец и Хелсиншки комитет
Friday, 03 July 2020 14:49
There are no translations available.

GlasnTekstilec01Денес градоначалникот одржа онлајн состанок со Кристина Ампева од Гласен Текстилец, Игор Јадровски од Хелсиншкиот комитет за човекови права, и Симона М. Живкова – локална координаторка на проектот на Хелсиншки комитет за човекови права.

Тема на состанокот беше борбата со Ковид-19, за меѓуинституционалната соработка која ја имаме помеѓу Општинскиот и Централниот кризен штаб, но и за вклученоста на НВО секторот во целиот изминат период на справување со оваа пандемија.

Во вакви сензитивни моменти мораме да бидеме транспарентни и да упатиме јасни пораки до граѓаните. Не смееме да дозволиме лажните вести да победат. 

Затоа сите заедно едногласно ја испраќаме пораката за целосно и безусловно почитување на мерките за лична заштита. Носење на заштитна маска, одржување дистанца и често миење на раце. Само така ќе успееме да го победиме Ковид-19. 

,,Упатувам благодарност до Гласен текстилец и Хелсиншки комитет за вклученоста во овој многу важен процес за сите нас, ова е пример за успешна соработка и по најкомплексните здравствени прашања во нашето општество.

Остануваме во понатамошна комуникација со цел да бидеме будни и да ја следиме состојбата со пандемијата во текстилната и кожарската индустрија во градот"истакна Благој Бочварски.

GlasnTekstilec02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

August 2020
M T W T F S S
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize