Home Events Увид во течението на река Брегалница
Увид во течението на река Брегалница
Friday, 26 June 2020 11:18
There are no translations available.

Uvid-RekaBregalnica-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со заменик министерот за локална самоуправа и просторно планирање, Јани Макрадули беа на увид по течението на река Брегалница.

„Јас сум на страната на правдата и мора оваа работа да ја истераме до крај со цел да излезе вистината на виделина.

За среќа бунарите на Општина Штип за водата за пиење се безбедни бидејќи се на повисоко ниво и не се допрени од страна на таа материја.

Во наредните денови ќе се вршат анализи од водата за пиење од чистата вода којашто е излезена од филтер станицата во Штип и секако сировата вода којашто е пред влезот во филтер станицата и од водата во градскиот водовод.

Центарот за јавно здравје и ЈП „Исар“ ги прават анализите и досега немаме анализа што покажува вода со полоши квалитети од тоа што била претходно.

Тоа е добрата вест којашто сакаме да ја знаат граѓаните. Дополнително материјата којашто е истечена е само транзитно помината низ реката и првите анализи покажаа дека нема никакви оштетувања на животинскиот и растителниот свет,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Заменик министерот Макрадули истакна дека државниот инспекторат и локалната самоуправа одговорија брзо и експресно за решавање на овој проблем.

„Државниот инспекторат донесе една првична казна, а кога ќе се добијат анализите од лабораторијата кога ќе се состави досието тогаш ќе се донесе конечната одлука за висината на казната,“ истакна Макрадули.

Uvid-RekaBregalnica-02

Uvid-RekaBregalnica-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

July 2020
M T W T F S S
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize