Home Events Прес конференција во врска со вчерашните случувања во река Брегалница
Прес конференција во врска со вчерашните случувања во река Брегалница
Wednesday, 24 June 2020 11:45
There are no translations available.

Pres-RekaBregalnica-24062020Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со вчерашните случувања со реката Брегалница и со постапувањата на локалната самоуправа, во која ги изнесе следните информации:

„Почитувани,

Вчерашната слика во коритото на река Брегалница беше загрижувачка и застрашувачка поради очигледното истекување на бела течност во самото корито на река Брегалница.

Веднаш по добивањето на првите такви слики го информирав државниот инспекторат за животна средина и крим техника кои веќе беа на терен.

Ингеренциите за заштита на реките и речните корита не е на локално ниво сепак како градоначалник сметав дека треба да бидам на терен и  лично да се уверам од каде доаѓа таквата течност.

Затоа заедно со неколку загрижени граѓани и претставниците на здружението на граѓани на Риболовното друштво се упативме кон околните индустриски капацитети со цел да утврдиме од каде доаѓа загадувањето.

После поминувањето на неколку атмосферски канали во индустриската зона Македонка бевме во обиколка и кај ТИРЗ зоната кадешто го лоциравме точното истекување на течноста.

На лице место го повикав инспекторот за животна средина којшто дојде од Пробиштип и крим техника којашто исто така дојде на лице место.

Во текот на вчерашниот ден во 19:15 часот се земени анализи на водата на влез и на излез од филтер станицата којшто покажаа дека квалитетот е согласно правилникот за безбедност на водата според хемиска и бактериолошка анализа.

Од страна на ЦЈЗ Штип и ЈП „Исар“ е извршен увид и на штипските бунари за водоснабдување на градот со вода, којшто се повисоки и заштитени и нема нивно загадување.

ЦЈЗ Штип и ЈП „Исар“ во наредните 3 дена ќе вршат вонредни контроли на влез, на излез и низ мрежата.

Инспекторите констатираа дека транспортна фирма добавувач на течност којашто се употребува во производствениот процес на фирмата Техникал Текстајл имала пукање на цревото со што течноста преку атмосферскиот канал се слеала во река Брегалница.

Во текот на денот постапуваат инспекторатите за животна средина со што очекуваме информации за целосно затворање на постапката.

Одамна заврши времето кога се штитеа нечии интереси на штета на граѓаните или пак на животната средина.

И досега и отсега натаму останувам на првата линија на заштита на интересот на граѓаните без разлика за било кое прашање или проблем којшто е наметнат во јавноста.

Калкулации не смее да има, секој мора да ја сноси одговорноста за своите постапки,“ истакна градоначалникот Бочварски.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

July 2020
M T W T F S S
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize