Home Events Осветлување на влезот кај Ново Село
Осветлување на влезот кај Ново Село
Friday, 29 May 2020 11:10
There are no translations available.

Osvetluvanje-NovoSelo-01Општина Штип започна со осветлување на еден од влезовите во градот, односно влезот од Радовиш и Струмица кон Штип, кај Ново Село.

Се работи за значајна инвестиција која ќе биде од корист на жителите на Ново Село и ќе го потврдува епитетот на Штип – центар на источниот регион.

Ќе бидат поставени 22 столбови од 9 метри висина со лед светилки, во должина од над 600 метри, односно од мостот кај Ново Село, до училиштето „Искра“.

„Ова е значајна инвестиција за граѓаните затоа што Штип како центар на истокот треба да го покаже тоа и на дело. Се работи за инвестиција од над 1,7 милиони денари со вклучено ДДВ која ќе го подобри влезот на градот,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Дополнително ваква инвестиција е направена и на влезот во градот од Скопје и од Велес, односно кај Кампус 4, што значи дека влезовите на Штип добиваат нов лик.

Osvetluvanje-NovoSelo-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

September 2020
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize