Home Events Втор состанокот на Општински штаб за заштита и спасување
Втор состанокот на Општински штаб за заштита и спасување
Monday, 23 March 2020 13:28
There are no translations available.

Sostanok 2 - 02Денеска се одржа координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто дополнително присутни беа претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, , СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, Црвен крст и АРМ.

На овој втор координативен состанок се разговараше за новонастанатата состојба после воведување на полицискиот час и идните чекори кои треба да бидат превземени од страна на институциите на локално ниво, а се важни за заштита на граѓаните и справување со настанатата ситуација со Корона вирусот, Ковид-19.

Општинскиот Штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци:

  1. 1.Од денес АРМ е ставена во функција на поддршка на МВР, освен на граничните премини ќе биде и на терен во служба на граѓаните според потребите.
  2. 2.Апелирам граѓаните најсериозно да се придржуваат кон полицискиот час, од вечерва секој кој ќе биде затечен надвор од својот дом после 21 часот ќе биде приведен во полициска станица.
  3. 3.Од денеска е отворен пункт на паркингот кај ЈЗУ Панче Караѓозов за тестирање на граѓани. Од утре (24.03.2020 ) паркингот позади ЈЗУ Панче Караѓозов ќе биде затворен за движење на возила од 08 до 14 часот поради формирањето на овој пункт. Но апелирам дека тестирањето се врши исклучиво со упат од матичен лекар.

4.     Поради тоа што до денеска немам никакви информации за вршење на дезинфекција на влезовите во станбените згради од страна на куќните совети, Оптина Штип ќе пристапи кон вршење на дезинфекција. Нема да дозволиме да бидеме набљудувачи во ваква вонредна состојба затоа што здравјето на граѓаните ни е пред се.

5.     Општина Штип денеска ги снабди со заштитни маски локалните и централните институции на територијата на Општина Штип. До денеска

6.     се поделени над три илјади маски на АРМ, СВР, Клиничка болница, Здравстввен дом, Трансфузија, ЈП Исар, ЈП Стипион, ТППЕ.

  1. 7.Затварање на градскиот пазар на ден петок, 27.03.2020 година, со цел превенција и заштита на граѓаните од Корона вирусот. Се задолжува ЈП Исар да го спороведе заклучокот.

8.     Пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078 472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање на сметки, пазарување на основни намирници за исхрана, подигање на лекови од аптека и достава до живеалиштето.

9.     Црвен крст во соработка со Општина Штип отвори телефонска линија за психосоцијална поддршка на граѓани 074203050 која функционира од 10 до 13 часот.

10.Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип продолжуваат со редовно дезинфицирање на улиците, јавните површини, плоштадот, површините пред маркетите и аптеките, во просториите на СВР Штип, ЈЗУ „Здравствен дом“ Штип, и сите останати витални институции со цел поголема безбедност на граѓаните.

11.Сите институции на локално ниво работат со намален капцитет заради заштита на граѓаните. Овде зборувам за сите сектори на ЈП Исар и ЈП Стипион како зеленло, наплатни центри, водовод и канализација.

12.Во последните 24 часа има четири тестирани лица од регионот, и сите се негативни.

13.Сите правни субјекти кои користат јавна површина пред деловен објект од периодот на прогласување на пандемија се изземаат од плаќање на комунална такса кон Општина Штип.

14.Апелираме да се следат препораките на Министерството за здравство и на сите надлежни институции.

Sostanok 2 - 01

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

May 2020
M T W T F S S
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize