Home Events Прва сесија во рамкки на Програмата „Регионални форуми во заедницата“
Прва сесија во рамкки на Програмата „Регионални форуми во заедницата“
Thursday, 06 February 2020 14:45
There are no translations available.

ForumiVoZaednicata-01Денеска се одржа првата сесија во рамките на Програмата „Регионални форуми во заедницата“ на која свое поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорката на Центарот за Источен плански регион.

Швајцарската агенција за развој и соработка во Македонија и Министерството за локална самоуправа обезбедуваат 127.822 швајцарски франци за источниот регион.

Предлог проектите од општините треба да овозможат услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на население кои подлежат на социјален ризик и да бидат во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет.

„За пример можам да посочам дека Општина Штип заедно со Министерство за труд и социјална политика и здружението „Порака“ приспособи објект во насока на поддршка на лицата со интелектуална попреченост од Штип.

Јас како градоначалник верувам дека преку ваквите проекти и чекори ќе успееме да создадеме подоби услови за овие лица, а со тоа поправедно општество за сите,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Ова е втора година што се одржуваат вакви форуми како дел од програмата „Регионални форуми во заедницата“.

ForumiVoZaednicata-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2020
M T W T F S S
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize